Според извори на „Ројтерс“, двајца ветерани од американската војска во август ја спомнале можноста за насилно исфрлање на Трамп од Белата куќа ако тој сам не сака да излезе.
Ветераните тоа го објасниле во отворното писмо што му го испратиле на највисокиот американски генерал Марк Мајли. Пензионираните офицери од американската војска, Џон Нагл и Пол Јинглин, во август му испратиле отворено писмо на началникот на генералштабот на војската во САД.
Тие навеле дека во случај Трамп да одбие да се повлече од местото претседател на САД, тоа мора да го направи американската војска со сила.
„И вие морате да ја издадете таа наредба“, порачале Нагл и Јилинг во писмото до Мајли.
Според некои други мислења од високи претставници во американската војска, ваквиот потег би било најдобро да ѝ се остави на Тајната служба.
„Имаме уставни процеси за решавање вакви ситауции, а војската не се наоѓа во нив“, изјавила Кори Шејк, директорката за надворешна и одбранбена политика во Институтот „Американ ентерпрајз“.
Според извори на „Ројтерс“, новиот вршител на должноста министер за одбрана на САД, Кристофер Милер, денес пристигнал во зградата на Пентагон, еден час откако Трамп соопштил дека го сменил министерот за одбрана Марк Еспер не објаснувајќи го ваквиот потег.
Според извори на „Ројтерс“, смената доаѓа поради неусогласноста во одлуките на Трамп и честите критики кон Северноатлантскиот сојуз.
Како што јавува „Ројтерс“, изборот на Трамп, Милер, пристигнал во зградата на Пентагон откако Трамп споделил твит во кој соопштил дека го сменил Еспер. Поради нивните политички несогласувања, следувало нецеремонијално заминување на шефот на Пентагон.
Милер, кој бил на местото директор на Националниот центар за борба против тероризмот, влегол во зградата на Пентагон нешто по 14 часот по вашингтонско време.
Засега не е познато дали Еспер влегол во неговата канцеларија на третиот кат во зградата на Пентагон, пренесува „Ројтерс“. Пентагон сè уште се нема огласено по, како е наведено, долго очекуваната одлука на Трамп да го смени Еспер.
Објавувајќи ја на „Твитер“ смената на Еспер, Трамп објаснил зошто се одлучил да го промени шефот на Пентагон. „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани извори, пренел дека Еспер се подготвувал за можното заминување од должноста министер за одбрана или смена по претседателските избори, особено во случај да победи Трамп на претседателските избори.