Официјални лица на Пентагон во документот кој го објавија минатата недела изјавија дека вонземјаните можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат помали сонди за истражување.
Нешто слично како што прави НАСА кога истражува други планети велат оттаму. Во извештајот, напишан од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање аномалии во Пентагон и Абрахам Лоеб, директор од Одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, се споменуваат вештачки меѓуѕвездени објекти кои испратиле бројни мали сонди да ја набљудуваат Земјата.
„Ваквата операција не се разликува многу од мисиите на НАСА. Изгледаат како семиња од глуварче кои се одвојуваат од мајчиниот авион со гравитационата сила на Сонцето и имаат способност за маневрирање“, велат експертите, а објави „Њујорк пост“.
Канцеларијата е формирана во јули 2022 година и е одговорна за следење на објектите на небото, под земјата и во вселената. Оттаму велат дека можат да ги следи и објектите кои можат да се движат од една реалност во друга.
Во 2005 година, американскиот Конгрес ја задолжи НАСА да открие 90 проценти од објектите кои се наоѓаат во близина на Земјата, а кои се поголеми од 140 метри. За таа цел беше направен и телескопот Pan-STARRS. Во октомври 2017 година, беше откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречен Оумуамуа, или извидник на хавајски.
Објектот бил во облик на пура, изгледал рамно и се оддалечувал од Сонцето и не покажувал трага, поради што некои научници веруваат дека е создаден од човекот.
Три години подоцна бил откриен уште еден објект кој не оставал опашка. Извештајот исто така вели дека шест месеци пред Оумуамуа да се приближи до Земјата, меѓуѕвезден метеор широк околу еден метар паднал на Земјата и имал сличен облик на Оумуамуа.
„Со добар дизајн, таквите мали сонди можат да стигнат до Земјата или до Сончевиот систем за истражување додека мајчиниот брод минува на приближно растојание, како што беше случајот со Оумуаму. Астрономите не можат да ги откријат мини сондите бидејќи не рефлектираат доволно сончева светлина за телескопите да ги забележат“, додаваат авторите.