Возачот на белиот фиат последен ја видел принцезата Дајана, а потоа исчезнал

Поминаа речиси 20 години од ноќта на 31 август 1997 година, кога Анри Пол ги возеше принцезата Дајана и нејзиното момче Доди Фајед, како што подоцна ќе се испостави право во смрт.

Возењето заврши трагично во тунелот Понт дел Алма, но и ден денес се шпекулира за вистинската причина за несреќата. Една од теориите која никогаш не е расветлена до крај, се занимава со учество на бело „Фиан Уно“, кое никогаш не е пронајдено.

Официјално причината за несреќата е невнимателното возење на Хенри Пол, кој пробувал да ги избегне папараците кои ја прогонувале несреќната принцеза и Доди по улиците во Париз. Утврдено е дека возачот на лимузината бил пијани, а истрагата заклучила дека Дајана и Фајед би преживеале да биле врзани. Меѓутоа во искршениот Мерцедес пронајдени се остатоци од бела боја, што само додава масло на огнот во бројните теории на заговоро.

Мохамед Фајед, таткото на Доди, тврди дека позади убиството стои принцот Филип, кој на тајната служба МИ6 и наредил убиство на Дајана и Доди, како парот не би се венчал и на крајот имал дете муслиман. Токму таа негова изјава предизвика бројни теории на заговор за вистинската причина за несреќата.

Најголемата дамка во истрагата за смртта на Дајана е фактот дека француската полиција не успеала да го пронајде возачот на споменатиот бел Фиат, кој наводно го буртнал Мерцедесот со Дајана и Доди од патот. Меѓутоа приватните истраги, покажале дека возачот на споменатиот автомобил најверојатно бил францускиот таксист Ле Ван Тан.

Имено, во 2007 година пар кој го видел белиот Фиат како излегува од тунелот во време на несреќата прегледувајќи го фотографиите на можните возачи го препознал Тан, кој имал ист таков автомобил во тоа време.

Тој исто така имал и ротвајлер што се сложува со изјавите на сведоците во полицијата дека виделе момче со големо куче во белиот автомобил. Додатен сомнеж на се фрла и фактот дека Ле Ван го префарбал својот автомобил во црвено само неколку часа после смртоносната несреќа.

Уште поголема мистерија на целиот случај става смртта на Андансон во мај 2010 година, која полицијата официјално ја прогласи за самоубиство. Неговото тело беше пронајдено во автомобил на некои 600 километри подалеку од куќата, а на левата страна од главата имал неодредена дупка.

Со обдукцијата е заклучено дека дупката настанала оради високата температура во запалениот автомобил, а не поради куршум.

Друга сомнителна личност бил Жан Пол Џејмс Андансон, кој ја фотографирал Дајана неколку месеци пред смртта во вилата на Фајед, на Сен Тропе. Андансон исто бил сопственик на бело Фиат Уно, но француската полиција заклучила дека автомобилот на бил во возна состојба и Андансон го продал покасно истата година.

Ле Ван неодамна британските таблоиди го пронајдоа во Париз каде се посветил на здравиот живот и тренингот и сега аматерски се занимава со бодибилдинг. Приватните истраги предупредуваа на други нелогичности во текот на спасувањето.

Од тоа дека на брзата помош и требале цели 17 минути да излезе на терен од упатувањето на првиот повик и еден час да ја извлечат Дајан од скршениот автомобил, до тоа дека колата во текот на транспортот на Дајана до болницата застанала на неколку минути.

Единствен преживеан во несреќата бил Тревор Рис-Џонс, кој цело време се бранел говорејќи дека не се сеќава на ништо што се случило таа вечер.

Scroll to Top