(втор дел) Пророштва од кои ќе ви се заледи крвта, а кои никогаш не биле објавени

By

Текстот дава опис на разурнат Рим каде што сите се мртви, папата се движи меѓу труповите, се качува на брдо, но тука го убиваат. Но, сето тоа не изгледа на атентат над Иван Павле Втори. Исто така, ако навистина се случи трета светска војна зошто по атентатот на папата се чека уште дваесет години за тоа да се објави?

Девицата Марија секогаш говореше јавно дека сето ова може да се избегне ако човештвото се сврти кон љубовта наместо кон омразата. И што е најважно, клучната порака е дека е неопходно трансформирање на Русија и дека Руската црква ќе страда поради тоа што Русија ќе го загрози целото човештво.

Сето тоа се случувало само неколку месеци пред октомвриската револуција и се толкува како најава за тоталитаризмот на Сталин. Поради тоа, Иван Павле Втори бил лично посветен на напорите да се стави крај на Студената војна и да се размонтира „империјата“ СССР.

Богородица на децата им го најавила своето последно појавување на 13 ноември 1917 година. Споменала дека тогаш ќе се случи и таканареченото „чудо на Сонцето“.

За тоа се дознало многу брзо, па во Фатиме се собрале преку 100.000 луѓе кои просведочиле дека чудото навистина се случило. Сонцето прво се појавило од облакот па добило аура од различни бои кои паѓале како виножито. На крајот се повлекло кон хоризонтот. Сите 100.000 луѓе и неколку десетина новинари тврделе дека никогаш во животот не виделе нешто слично.

Пророштвото на Алоис Ирлмајер

Алоис Ирлмајер бил обичен физички работник од местото Фрајсласинг во Баварија. Но, тој покрај физичката сила поседувал и други необични вештини. Знаел нешта кои не требало да ги знае, а се говорело и дека е видовит.

Според легендата,  им помогнал на многумина по Втората светска војна да ги пронајдат своите најблиски. А поради популарноста која брзо ја стекнал, завршил на суд обвинет дека се занимава со вештерство. Судот го ослободил кога на судијата точно му опишал каква облека носела неговата жена тој ден и што точно работела.

Алоис исто така го предвидел и денот на својата смрт, но и уште некои ситници. Тврдел дека третата светска војна ја гледа како на филм, а истакнал и дека таа ќе се води на Блискиот Исток и Медитеранот, каде што ќе се судрат најголемите светски сили.

„Војната ќе почне кога двајца мажи ќе убијат трета важна личност. Тие се платени за тоа. Убиството ќе се случи на Балканот. Пред војната ќе биде многу плодна и богата година. Војната ќе дојде без предупредување, преку ноќ. Гледам прав. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што значат тие, и не знам на кој датум ќе се случи тоа“, тврдел Алоис.

Пророштвото на Свети Нил од Синај

Свети Нил бил христијански монах од Синај. Живеел во петтиот век и зад себе оставил едно мало пророштво. Никогаш не е докажано дека тоа го напишал пророштвото, но секако е интересно.

На пример, тој ги предвидел авионите, подморниците и телефонските врски. Можеби дури и интернетот.

„Луѓето ќе пронајдат начин да разговараат од едниот крај на светот до другиот“, тврдел тој уште пред  1600 години.

„По 1900 година, и во дваесеттиот век, луѓето ќе станат непрепознатливи. Кога ќе дојде времето на  антихристието, луѓето ќе останат без чест и гордост. Светот ќе се промени. Нема да можеме да ги разликуваме мажите од жените поради бесрамното облекување и косата. Ќе завладее алчноста. Луѓето ќе летаат како птици и ќе потонат на океанското дно. Но, кога сето тоа ќе се случи, тие несреќни луѓе нема да знаат дека всушност се во служба на антихристот“, вака гласи крајот на неговата порака.

Линк од првиот дел

 

 

 

Ќе ви се допадне