(Втор дел) Зошто „Фејсбук“ ги блокира фановите на Слободан Праљак?

By

Истите закани и блокади ги добиваат и Бошњаците кои коментираат дека не се согласуваат со оваа хашка пресуда. Сите кои напишале дека Хрватска им помагала се блокирани.

На Бошњакот кој опишал како Прљак му го спасил животот, по заканите по живот, му бил затворен профилот.

„Десетина Бошњаци кои напишале дека ХАГ ги одбил за сведоци зашто сакале да сведочат во корист на Прљак се блокирани“, пишуваат порталите без никакви докази кои би ги поткрепиле нивните натписи.

Одат и чекор понапред па тврдат дека „Фејсбук“ им дал овластување само на неколку луѓе од Сараево.

„Можноста да ги блокира профилите ‘Фесјбук’им ја дал само на неколку луѓе од Сараево. За тоа време медиумите продолжуваат со бруталната фашизација на малцинските народи во Босна и Херцеговина“, пишува Поскок, кој во знак на протест поради ова, како што вели, гушење на слободата на говор го затворил својот портал.

Нивната објава ја пренесоа бројни десничарски портали. Но, приказната не застанува тука. Во последните два дена на интернетот се шират пораки во кои се говори дека зад блокадата стои ни повеќе ни помалку туку самиот хрватски портал „Индекс“.

„Index.hr“ со пораката подоле ги сруши домашните страници

Пораката, се разбира, не докажува апсолутно ништо освен фактот дека токму десничарите се тие кои се лути околу „Фејсбук“ и бараат блокада на страницата.

Десничарите ги создаваат теориите на заговор, но тоа и понатаму не дава одговор на прашањето зошто „Фејсбук“ ги блокира објавите поврзани за Слободан Прљак.

Продолжува

Линк од првиот дел:

Ќе ви се допадне