За Бил Гејтс зимата ќе биде полоша од летото, милијардерот со песимистични прогнози за коронавирусот

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс предвидува дека оваа есен за Америка ќе биде полоша од летото, што се однесува на последиците од пандемијата со коронавирусот.

„Броевите се во пораст“, вели Гејтс во интервју за „Политико“ и најави дека е можно да дојде до засилување на трансмисијата на виусот, имајќи го во предвид студеното време, а луѓето поголемиот дел од времето го минуваат во затворен простор.

Гејтс истакна дека, додека Америка не почне активно да ја дистрибуира вакцината против коронавирусот, единствено што им преостанува е нивното однесување, мислејќи на држењето на физичко растојание и носењето на маски.

„За жал има многу лоши пораки по тоа прашање, а во САД носењето маски не се почитува премногу“, вели милијардерот.

Гејтс неодамна во интервју за „Ен-би-си“, изјавил дека животот ќе се врати во нормална состојба по пандемијата, кога ќе се исполнат два услови. Кога ќе се појави втората генерација на вакцини и кога вирусот ќе исчезне од целата планета.

„Единствениот начин да се вратиме во нормала е да се појави не првата, туку втората генерација на вакцини, која би можела да биде супер-ефикасна и да ја примат голем број на луѓе. Така глобално ќе ја елиминираме болеста“, изјавил Гејтс.

Тој пред само месец дена изјавил дека САД би можеле да се вратат во нормала во летото 2021 година, благодарение на вакцините. Тогаш најави дека неколку вакцини од првата генерација би можеле да добијат одобрение за употреба, на почетокот на следната година.

Според последните информации од Универзитетот „Џон Хопкинс“, во Америка, повеќе од 7,9 милиони луѓе се заразени со коронавирус, а починале 217.717.

Scroll to Top