Малезија и по четири години не се откажува од потрагата по исчезнатиот авион МH370. Но, иако тој случај се претставува како мистерија, сепак многу работи ѝ се познати на јавноста.
Исчезнувањето на патничкиот авион со 239 патници се смета за најголемата загатка во цивилното воздухопловство, но еве што досега ѝ е познато на јавноста:
Денот на исчезнувањето:
На 8 март 2014 година авионот летал од Пекинг кон Куала Лумпур. Меѓу патниците имало и кинески калиграфи, двојка која се враќала од меден месец и еден работник кој по година дена можел да се врати дома. Авионот последен пат е виден на радар во 2:14 часот утрото, недалеку од островот Пукет.
Малезиските власти веруваат дека последните зборови на пилотот и копилотот биле: „Лесна ноќ МH370“. По половина час, авиокомпанијата изгубила контакт со леталото.
Авионот не случајно свртел од курсот
Австралиските власти изјавиле дека пилотот на авионот МH 370 користел симулатор кој имал „сличен“ курс како оној кој всушност го имал пред исчезнувањето на авионот, укажувајќи на тоа дека капетанот е тој кој што го скршнал од курсот.
New book claims MH370 went down after an ill-timed toilet break by captain Zaharie Ahmad Shah: https://t.co/8kljtAlSIw pic.twitter.com/JDBvlcuAU1
— PerthNow (@perthnow) October 16, 2016
Документот од 440 страници наведува дека капетанот на MH370, Захари Ахмад Шах, неколку недели претходно користел симулатор на летање кој бил „иницијално сличен“ на рутата на која патувал, што укажува на тоа дека намерно скршнал од курсот.
Во извештајот ATSB вели:
Според последните податоци, авионот летал околу 7700 километри. Ова било поголема должина во однос на таа што била предвидена и колку што била возможна со оглед на горивото што било натоварено на авионот за летот MH370.
АTSB овој губиток го опишал како непоимлив и неприфатлив.
Повеќе од три години подоцна експертите не се ни блиску до решение на оваа мистерија и се откажале од потрагата и покрај извештајот кој со прецизност и сигурност укажува на тоа дека авионот се срушил североисточно од зоната на потрага.
Во документот се додава: „Подводната потрага ги елиминирала повеќето веројатни области. Длабоко жалиме што не успеавме да го лоцираме авионот, ниту оние 239 лица кои сè уште се водат како исчезнати.
Captain ZAHARIE AHMAD SHAH,100% PROVED not SUICIDAL,as claimed by many.He was squeezed of his expertness,by MH370,777 Boeing plane to show all his ability,in tight corner. Not like usual pilots toggling,pushing switches,& pulling pushing levers,in A/C comfort,in auto pilot . pic.twitter.com/EmltkraHVp
— Dwarakanathan s (@s_dwarakanathan) March 21, 2018
Продолжува: