Законодавци носат закон со кој ги одземаат правата на родителите врз нивните деца

By

Законодавците во Тексас работат на нов закон со цел да се реформира државната Агенција за заштита на децата.

Новиот закон е донесен за да се подобри агенцијата, која во последно време е во бројни дилеми, кои резултираат со штетни безбедносни проблеми за децата во таа држава.

Неколку закони веќе биле донесени, а биле насочени кон подобрување на агенцијата. Законот 39 делумно бара брза медицинска проценка на децата кои наводно се оставени во системот на згрижување.

Законот 39, кој го воведе Гене Ву, пропишува државниот оддел за семејна заштита да закаже лекарски преглед за децата кои привремено се во состојба на згрижување подолго од три работни дена. За децата во руралните места, рокот е седум работни дена.

Иако законот првобитно е центриран околу брзото спроведување на медицинската проценка за новите деца, во истиот ќе биде вклучено и вакцинирањето како дел од тие медицински испитувања.

Застапникот Бил Зедлер дал реплика на амандманот на Законот 39. Тој смета дека децата кои треба да бидат подложни на медицинска проценка, според новиот закон, треба да бидат ослободени од вакцинација. По ваквиот амандман следеше бурна расправа.

„Тоа дете би можело по привременото вдомување, да се врати назад по пет, осум или десет дена, период во кој ќе биде вакцинирано и покрај волјата на родителите“, изјави Зедлер.

„Тоа е прашање на слобода“, дополни тој.

Адвокатот Ву во дадено интервју изјави дека законот допушта одреден период државата да ја преземе власта во такви ситуации.

„Дозволете ми да нагласам многу јасно. Штом детето законски се одземе од нивните домови, детето од тогаш е во сопственост на државата Тексас“, изјави Ву.

„Имаме одговорност за тоа дете да биде безбедно и да му дадеме соодветна медицинска нега. Тоа е законот. Тоа значи каков било вид на медицинска нега, операција и вакцинација“, дополни Ву.

Застапникот Џонатан Стикланд за време на расправата реплицираше на шокантниот избор на зборови на застапникот Ву.

„Господине Ву, вие го користите зборот ‘припаѓа’ на државата Тексас. Сакате ли да размислите околу тоа што го изјавивте?“ прашал Стикланд.

Стикланд потоа им реплицираше на застапникот Ву и на адвокатката Сара Дејвис, која побарала да се воведе дополнителен амандман во Законот 39 со кој би му се овозможило вакцина на детето која спречува рак, особено HPV вакцината.

Стикланд ја прашал Дејвис дали таа верува дека родителите имаат право на избор на медицинска постапка за нејзините деца.

Таа одговорила дека верува во тоа дека децата кои се одземени од своите родители и се во заштитен притвор мора да минат низ лекарски преглед, дека треба да бидат вакцинирани со вакцина која спречува развој на рак.

Стикланд го повтори прашањето дали мисли дека  родителите имаат право да одберат медицинска постапка за своите деца, а Давис изјавила дека мора да се пронајде некаков баланс затоа што според нејзино мислење апсолутно не постојат научни факти кои стојат зад тоа дека  која било вакцина може да му наштети на детето.

Видеото во продолжение прикажува како адвокатот говори дека родителите, иако не се прогласени за виновни, за некаков вид злосторство, повеќе не мораат да се грижат за своите деца и дека нивните деца сега припаѓаат на државата.

Ќе ви се допадне

Watch Scum's Wish Episode 8 (https://animeheaven.pro/m/dDx3/ep-8) at website https://animeheaven.pro dragon ball z anime heaven

Naruto: Shippuden Episode 500 at website https://kissanimeonline.com kiss x sis kissanime