ЗАПАДОТ ВО ШОК! – Исламската држава полека конечно исчезнува

ДЕБЛОКАДАТА НА ДЕИР-ЕЗ-ЗОРА Е ТРИУМФ НА СИРИСКАТА ВОЈСКА, НА РУСКОТО ВОЗДУХОПЛОВСТВО И ВОЕНИТЕ ИНСТРУКТОРИ.

Деблокадата Деир-ез-Зора е вистински триумф на сириската војска воените инструктори од руското воздухопловство и разорувачките ракети „Калибар“.

Исто така е победа и на сирискиот претседател Башар Асад. Особено негов.

Тој на своите единици и нивните наредници им ја честиташе деблокадата, на начин на кој тоа порано не го сторил. Користеше помоќен говор и од оној кога го честиташе ослободувањето на Алеп:

„Вие со вашиот потфат покажавте дека сте одговорни пред нашите идни генерации. Ќе останете во историјата запишани за тоа, дека поради нашето цивилно население, го ризикувавте и тоа што на вас ви е најдрагоцено“.

Од север беше одбранета  Деир-ез зора, од страна на Исламската држава која проби некои од деловите на тој град. 17 дивизија и Петтата легија уште на 5 јуни вечерта, стигнаа на само 2,5 километри од тој голем град на Еуфрат. Оттаму по утвредна линија, на бранителите на градот и од поранешната 1387 воена база – се им беше во видно поле.

Набрзо меѓу истурените позиции на 17 дивизија, со кои заповедуваше полковникот Исам Захедин, заедно со бранителите внатре, со 137-та, беше воспоставевна радио врска.

Џихадистите откако увидоа дека нивните позиции се занишани, на брдото Сарда го поставија главното преостанато упориште, па наскоро почна артилериската битка како што досега не беше видена во Сирија.

Под удар на артилериските владини сили, кои во рацете имаа и руски хаубици со голем домет, не се само што ја открија положбата на терористите околу градот, туку и огнените точки на Исламската држава во блискиот ланец кој беше дело на Сарда. Со утврдената положба, џихадистите практично беа „изорани“.

Тоа што не го „изораа“ тие, го довршија разорните ракети „Калибар“ испалени од источниот Медитеран со фрегатата „Адмирал Есен“. Од страна на владините сили во овие борби, учествуваа и руските оклопни возила „Vistrel“. Постојат претпоставки дека ги користи приватна воена компанија која војува на страната на Асад.

Офанзивните делувања од градот – ги изведоа и припадниците на сирискиот гарнизон, кои три години го бранеа ова место. Успеаа да ја превземат контролата на остатоците од ерменските и разрушени христијански гробишта.

Владините сили во борбите за деблокада, изгубија само едно оклопно возило и неколку пик-апови, со инсталирани митралези.

И покрај тоа, тие ја превземаа контролата над нафтените наоѓалишта на Ал-Мазар.

Исламската држава беше принудена да поголемиот дел од заповедничките структури и „администрацијата“ итно бидат префрлени далеку на југ, во градот Мајадин.

Но, владините сили, набрзо потоа, тежиштето на својот оган го преместија јужно од Деир-ез-Зора, за да го спречат бегството на противникот долж брегот на Еуфрат.

Исламската држава која мораше повремено да го остави по страна „резерватот на тероризмот“, во покраината Идлиб, во Деир-ез-Зора, ја изгуби контролата и над последниот голем град во Сирија.

Ликвидацирањето на „џеповите“ кои преостанаа, но и утврдувањето во Идлиб, можеше да потрае со месеци. Особено што сириската војска во тој период делуваше незаинтересирано, како да не и се брзаше. Но сега тоа конечно можеа и да си го дозволат.

Војната сеуште дефинитивно не е добиена, но нејзиниот крај и тоа како се гледа.

Scroll to Top