Џу Емили од Калифорнија е обвинета дека го отрула сопругот, со тоа што му ставила средство за чистење во чајот. Сепак нејзиниот адвокат тврди дека таа не сакала да го убие, туку се обидела да убе мравки.
Емили од Оринџ е уапсена минатата година, откако сопругот ја обвинил дека претходно во три наврати се обидела да го отруе. Откако се посомневал дека го труе со средство за чистење ставил камери во кујната.
Адвокатите на Емили тврдат дека нивната клиентка се обидувала да убие мравки и дека видеото во кое наводно се гледа како истура течност во чаша е лажно.
„Емили три пати го истури средството во чашата за да ги убие мравките. Нема спор околу тоа, таа навистина ја истури течноста во чашата“, велат нејзините адвокати, додека адвокатот на нејзиниот сопруг за „Инсајдер“ рече дека во нивната куќа никогаш немале проблем со мравки.
„Ова е првпат да слушнам дека некој да истура средство во чаша од која некој пиел за да ги одврати мравките“, рече адвокатот.
Откако се посомневал дека Емили го труе, сопругот поднел барање за развод и побарал забрана за приближување во март и април минатата година. Тој бил радиолог, па посетил лекар за да ги испита симптомите кои почнале да се развиваат. Дознал дека има два чирови на желудникот, гастритис и езофагитис.
Потоа ги ставил камерите и рече дека ја фатил сопругата на дело како во три различни ситуации го истура агентот во чаша. Обвинителство на Оринџ ја искористило снимката, а поротата ја обвини Емили на 5 април по три кривични дела за труење и едно кривично дело напад.
Според окружниот обвинител, сопругот, исто така, доставил примероци од чајот до полицискиот оддел. Тестирањето на ФБИ открило средство за чистење на течни одводи во супстанцијата. Емили повторно ќе се појави на суд на 18 април.