Животите на 22 милиони луѓе во Мексико зависат од гледањето во вулканскиот семафор, ако стане црвено следува катаклизма велат научниците

Мексиканскиот вулкан Попокатепетл периодов повторно еруптираше, исфрлајќи огромни облаци од пепел што принуди 11 села да ја откажат наставата. Но, тамошните жител не беа единствените кои внимателно го следеа високиот врв.

Секој пат кога Попокатепетлу покажува какви било знаци, десетици научници, мрежа од сензори и камери и просторија полна со моќна опрема го следат секое негово движење.

Вулканот висок 5.426 метри е познат како „Ел Попо“ и исфрла отровни испарувања, пепел и грутки од вжештена карпа речиси 30 години, откако се разбуди од долг сон во 1994 година.

Вулканот е 72 километри југоисточно од Мексико Сити, но е многу поблиску до источните рабови на градското подрачје од 22 милиони луѓе. Градот, исто така, се соочува со закани од земјотреси и лизгање на земјата, но вулканот е највидливата потенцијална опасност и најмногу надгледувана.

Тешка ерупција може да го наруши воздушниот сообраќај или да го задуши градот со облаци од пепел. Околу него има шест камери, уред за термичка слика и 12 сеизмолошки станици за мониторинг кои работат 24 часа на ден и сите известуваат во командниот центар полн со опрема во Мексико Сити.

Вкупно 13 научници од мултидисциплинарен тим се менуваат во командниот центар деноноќно. Тие треба да предупредат за претстојниот облак од пепел, за луѓето да можат да преземат мерки на претпазливост. За разлика од земјотресите, времето на предупредување за вулканска ерупција може да биде подолго и генерално е попредвидливо.

Неодамна, истражувачот Паулино Алонсо го обиколи Попокатепетл, проверувајќи ги читањата во командниот центар управуван од Мексиканскиот национален центар за превенција од катастрофи, познат како ЦЕНАПРЕД.

Тоа е сложен процес кој вклучува сеизмографи кои ги мерат внатрешните потреси на вулканот, што може да укаже дека жешките карпи и гасот се движат нагоре кон отворите на врвот.

Следењето на гасовите од блиските извори и на самиот врв на вулканот како и шемите на ветерот што помагаат да се одреди каде пепелта може да се движи исто така играат важна улога.

Силите во вулканот се толку големи што можат привремено да го деформираат врвот, па камерите и сензорите мора да го следат обликот на самиот Попокатепетл.

Како да се објасни сето ова на група од 25 милиони луѓе кои живеат во радиус од 100 километри, кои се навикнати да живеат во близина на вулкани?

Властите дојдоа до едноставна идеја за вулкански семафор со три бои. Зелена за безбедност, жолта за тревога и црвена за опасност. Поголемиот дел од годините откако беше воведен овој семафор беше заглавен во некоја фаза на жолто.

Планината понекогаш е мирна, но не за долго. Ретко исфрла стопена лава и е повеќе од експлозивен тип, исфрлајќи жешки карпи кои се спуштаат по неговите крила и испуштаат облак гас и пепел.

Центарот има монитори и во други земји; Мексико е земја која е премногу запознаена со природните катастрофи.

На пример, системот за рано предупредување за земјотреси во Мексико е исто така базиран во командниот центар. Бидејќи тлото во градот е толку меко и изградено на поранешно езерско корито земјотресот стотици милји подалеку на брегот на Пацификот може да предизвика огромно уништување во главниот град, како што тоа го направи во 1985 и 2017 година.

Системот на сеизмички монитори долж брегот испраќа пораки кои се движат побрзо од ударните бранови на земјотресот. Кога сирените почнуваат да трепкаат, жителите на Мексико Сити можат да имаат до половина минута да стигнат до безбедно место, обично на улица.

Scroll to Top