Зошто докторите сега веруваат дека религијата лечи?

Бројни студии покажале дека повторувањето на молитвите и медитирањето може да го намалат психолошкиот стрес, да го зголемат крвниот притисок, да го забават ритамот на срцевите отчукувања и дишење, како и да го зголемат имунолошкиот систем, односно одбрамбената сила на организмот.

Религијата и медицината се поврзани на начин на кој можно е сосема да се објасни, односно размрси. Таа поврзаност лекарите ја гледаат од време на време. Не е во прашање само организираната религија која на некои од пациентите им дава сила. Секој има духовност која на животот и дава смисла.

Врската меѓу духот и телото е вековна, но како лечењето стана наука? Се до неодамна, лекарите на Запад се оддалечија од духовноста и религиозната вера. Сега барањата на пациентите, заедно со научните студии кои ја доведуваат во врска верата со доброто здравје, полека се префрлуваат кон медицинската заедница. Научните списанија и многу нови книги, прифаќаат да ја разгледаат таа тема. Се е поголем бројот на лекари кои присуствуваат на собирите на кои се расправа за верата и оздравувањето.

Бранот на неодамнешните испитувања го помести ѕидот меѓу црквата и лабораторијата. На пример, истражувањата покажуваат деа луѓето кои одат на миси повеќе од еднаш неделно, живеат во просек седум години подолго, од оние кои воопшто не одат во црква. Испитувањата кои се извршени на медицинскиот факултет во американскиот „Дук“ Универзитет, покажале дека оние луѓе кои еднаш неделно одат во црква, имаат помала веројатност да бидат хоспитализирани (од било која причина), за разлика од оние кои одат во црква поретко. Ако бидат хоспитализирани, престојот во болница е пократок за разлика од оние другите.

Верата до урамнотежна состојба

Психијатарот Мартин Џонс, од Хаувард универзитетот, кој ја проучува врската меѓу верата и заздравувањето вели: „Целосното објаснување за тоа како духовноста позитивно влијание на здравјето и не е толку важно. Исто така, ние не го разбираме механизмот, делувањето на многу лекови.

Но, ја знаеме причината и реакцијата, и тоа дека тие делуваат. Слично на тоа, ние можеме да ги видиме влијанијата на личната духовна свест на конечниот резултат, па според тоа, зошто да не ја користиме? Тоа е како плацебо учинок. Зошто таа има влијание? Верувањето. Тоа е многу моќна сила“.

Но, разбирливо, дури и оние доктори кои ја вклучуваат „духовноста“, во својата лекарска торба, допуштаат употреба на вера само како додаток на медицинските цели и само ако пациентот е отворен за разговор во своите верувања.

И покрај големиот број на присутни дебати за примена на медитацијата и длабоките молитви со цел на смирување на мислите, постојат докази во стручната литература дека стресот го оштетува имунолошкиот, одбрамбен систем во организмот.

Стотина истражувачки студии ја докажуваат врската меѓу верата, побожноста и здравјето. Ќе наведеме само некои од резултатите до кои се дошло до тие истражувања. Постарите лица кои себе си се сметаат за религиозни имале помали здравствени проблеми и телесно подобро функционираат, за разлика од нерелигиозните лица.

Испитаниците кои редовно се молат, имаат 70 проценти помала веројатност дека ќе заболат од срцеви коронарни болести. Така, оние кои ја сметаат религијата за многу важна, и кои редовно одат во црква, значително поретко имале зголемен крвен притисок и поретко заболуваат од депресија. Бројните студии покажале дека повторувањето на молитвите и медитирањето можат да го намалат психолошкиот стрес, зголемениот крвен притисок, да го забават отчукувањето на срцето и дишењето, како и да го зголемат имунолошкиот, одбрамнен систем на организмот.

Кога кај организмот доаѓа до физичко рушење, тогаш духовниот раст зема замав. Верата го доведува човекот во една балансирана состојба, кога тој повеќе болеста не ја чувствува како терет.

Културните и духовни прашања, како и прашањата за смрт излегоа на виделина како значителни теми во медицинските цели. Медицинските факултети реагираа на таквите барања на општеството. Денес веќе некои од педесетина медицински факултети од 125 колку што ги има во САД, имаат свои наставни планови и предмети, кои се посветени на таквите прашања. Студентите се подучуваат како да комуницираат со болесниците, како да се грижат за нив со душа.

Во амбуланта – со отворени срца

Процесот на лекувања може да биде во облик на прифаќање на својата ситуација, постапување со себе и другите на еден поинаков начин и задржување на чувството на мир за време на соочувањето со патењето и болката. Верата е дополнување на медицинското лечење. Болеста има физички темел, но, постои хиреархија: Физичко ниво, емотивно ниво, интелектуално ниво и духовно ниво. Во медицинската пракса пожелно е причината да биде лечење на самата болест, во однос на лечењето на целата личност.

Сигурно, кога е во прашање болеста, науката постигнала неверојатни успеси. Во минатиот век, зголемени се очекувањата на должината на животот за речиси две третини, воглавно благодарение на науката.

Професор Кристина Пуцхалски, интернистот од Џорџ Вашингтон Универзитетот, вели: „Не секогаш и не е се само во науката. Постои една врска на доверба, која може и да не се појави ако се фокусирате само на некој физички аспект. А тоа не зема многу време; доволно е да влезете во амбуланта со отворени срца“.

Scroll to Top