Зошто досега во Италија не се случија терористички напади?

Зошто во Италија, како земја во која има еден куп туристи, засега не се случил ниту еден смртоносен напад на џихадистите?

Многу европски земји веќе беа мети на нападите, како Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија, иако во тие земји, е забележан помал број на илегални имигранти. На пример, во првата половина на 2017 година, само во Италија влегоа 82% од илегалните имигранти, од целокупниот број на имигранти кои влегоа во Европа.

Најинитересно објаснување е тоа кое ја застапува тезата дека Италија е исклучок, и дека италијанската мафија успеала да ги спречи џихадистите да се групираат и да ги организираат нападите. Таа теза е заснована на еден пример.

„Приметивме дека италијанските мафијаши имаат поголема контрола на јужниот дел од земјата, а повеќето муслимани живеат на северниот дел од земјата, а дури ни таму не оформиле свои гета ниту пак живеат во веќе постоечките“, изјави Артуро Вавели од Меѓународниот факултет за политичка наука во Милано.

„Еден дел, тоа мора да биде под контрола на мафијата“, се согласува и локалниот полициски наредник, но додава и дека голема улога во сузбивањето на тероризмот има полицијата, која во тоа има големо искуство.

„Борбата против организираниот криминал во нашите служби даде големо искуство и тоа баш во набљудувањето на цврсто поврзаните помалу групи. Така, имаме искуство од процесот на надѕирање на левите и десни терористички групи кои делувале во Италија во текот на седумдесетите и осумдесетите години на минатитот век“, раскажува тој за „Економист“.

Тамошните судови исто така немаат проблем со издавање на налог за набљудување и прислушкување. Во останатите земји тоа оди малку потешко.

Кога на 24 август Боингот 737 од аеродромот во Болоња полета за Тирана, главниот град на Албанија, во него имаше 209 лица, кои беа протерани од Италија поради „верски екстремизам“.

Само ден претходно од притвор е пуштен 22 годишен муслиман, а фатен е затоа што на влезот во една црквата едно лице се обидело да го одговори од неговите намери. Тој е под константен полициски надѕор, откако за прв пат е приведен на почетокот во 2016 година.

Но, постои уште една причина зошто Италија е посигурна од другите земји. Тие немаат така голем број на луѓе кои би ги надгледувале, затоа што поголемиот дел ги враќаат во трети земји, или ги враќаат во земјите од каде доаѓаат.

 

 

 

Scroll to Top