Зошто драстично расте бројот на заразени од корона, додека бројот на мртви опаѓа

Во земјите кои се синоним за корона хорор, како што се Италија, Шпанија, Франција, во еден ден се забележани десетици илјади луѓе на заболени од Ковид-19, но умираат далеку помал број отколку што имаше починато во првиот бран кога почна пандемијата.

Иако речиси сите европски држави во новиот бран на коронавирусот, секој ден бележат црни рекорди по бројот на заразени, одговорните забележаа дека сега бројот на починати на дневно ниво, е далеку помал отколку што беше на почетокот на пандемијата.

Експертите велат дека причината за оваа поволна статистика, меѓу останатото е тоа што, меѓу заразените во голем дел има од младата популација. Тие велат дека покрај оваа причина сега се применуваат и нови тераписки методи, имаат поголемо клиничко искуство, брза дијагностика, како и раното јавување на пациентите во установите.

Сепак експертите истакнуваат дека оваа статистика лесно може да се влоши во наредните две до три недели, затоа што смртноста обично доцни со порастот на заразените. Во голем дел тоа зависи и од самите луѓе, велат експертите.

Според графиконите од сајтот на Светската здравствена организација, забележано е дека во вториот бран, значително е зголемен бројот на заразени, но смртноста е неспоредливо помала кога короната пристигнала во Европа.

Повеќето европски земји сега се во вториот брам, додека на Балканот некои земји влегоа и во третиот, најсилен бран кој се случи во јули. Во тој период умирале најголем број на пациенти.

Во Италија, според податоците на СЗО, најголемиот број за заразени во првиот бран биле забележани на 22. март 6557. Но, сите ги паметат страшните сцени од воениот конвој кој ги носи починатите, како и полните мртовечници/ По шест дена, бројот на починати достигна 971.

Најлошиот ден по бројот на заразени е забележан вчера, 15.199, додека рекордот по умирање во вториот бран 127 жртви.

Шпанија која го премина милионот на заразени досега, рекордот по бројот на инфицирани го собори во вториот бран. Вкупно 16.509 лица беа заразени тогаш, додека рекордот по бројот на жртви се случи на 30. март, кога беа регистрирани 888 лица.

Тоа е далку поголем број од најголемиот во вториот бран, кога на 30. септември беа забележани 130 мртви случаи.

Иако Франција дневно бележеше во вториот бран повеќе од 32.000 заразени, најмногу мртви беа на 21. октомври, дури 261 пациент, додека во првиот бран, со максимум 7500 заразени, дневно умираа повеќе од 2000 луѓе.

Србија исто така бележи рекорди по бројот на заразени. Во средата биле регистрирани дури 512 новозаболени, што е најголемиот број од почетокот на пандемијата, а имало само една жртва. Од 6715 тестирани лица, вчера 416 беа позитивни. На респиратори има 24 пациенти.

Српската докторка Марија Здравковиќ, директорка на „КБЦ Бежаниска коса“, за српски Курир вели дека за ваквата статистика се заслужни комбинација на фактори.

„Луѓето почнаа да работат на лична изработка на имунитетот, па многу од нас сега пијат витамини Ц, Д, цинк… Веројатно се спроведуваат и и поголем број на мерки за заштита, па се внесуваат мали количини на вирусот. Тоа влијае на тежината на клиничката слика. Освен тоа, луѓето поранос е јавуваат на лекари. Не се чека повеќе од 10 дена болеста да се разбесни, па порано се добиваат терапиите“, вели Здравковиќ и додава дека денес и короната брзо се дијагностицира.

Со тоа се согласува и професор доктор Жарко Ранковиќ, ингектолог, кој за српски Курир вели дека една од важните причини е тоа што здравствениот систем стекнал искуство во лечењето на најтешките пациенти.

„Исто така важна работа е тоа што сега имаме најголем број на заболени лица во старосната група меѓу 20 и 40 години, а смртноста, познато е дека е најголема кај старите луѓе. За среќа, тие се многу поодговорни и подобро се штитат. Смртноста кај нас го подигна заразувањето кај лицата во старечките домови, пред се во Ниш“, вели доктор Ранковиќ и додал дека стапката на смртност би можела да се промени.

„Важно е да ги чуваме лицата постари од 65 години и хроничните пациенти, но исто така важно е сите да се придржуваме до мерките, затоа што никој не знае како организмот ќе реагира. Не треба да се заборави дека имаме и млади луѓе кои се во одлична физичка форма, а кои исто така за жал починале“, вели Ранковиќ.

 

Scroll to Top