Зошто коронавирусот брзо се рашири низ Италија

Италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ пишува дека бројот на заразени  со коронавирус во земјата расте од час во час. Весникот пренесува дека во петокот утрото починала првата заразена личност од опасниот вирус.

За само 48 часа од смртта на првата жртва, полицијата и војската ги стави под целосна блокада покраините Ломбардија и Венето. Тамошното население е во карантин. Никој не може да помине од блокадата на патиштата. Војската и полиција не дозволува никој да мине, а училиштата, кината, базените се затворени на недела дена.

Главниот човек од Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели, изјавил дека не треба да се обвинуваат лекарите затоа што не ги препознале навреме симптомите на коронавирусот, пренесуваат хрватските медиуми.

Италијанскиот весник пишува дека во болницата во Кодоња, каде што бил хоспитализиран првиот пациент заболен од коронавирусот, се пренел опасниот вирус на уште пет доктори и една медицинска сестра, додека во болницата во Дола, каде што била хоспитализирана уште една личност, истата го пренела на уште три медицински работници.

„Не се работи за бројот на направени тестови. Имаше ситуација во која не можевме да ги препознаеме симптомите на коронавирусот. Лекарите имаа проблем при идентификацијата на симптомите“, објаснил Борели.

Првата зарзена личност во Италија е 38-годишен маж, кој минатата недела дошол во болница во Кодоња. Лекарите  го пуштиле дома, откако ми дијагностицирале обичен грип.

Со оглед на тоа дека не патувал никаде, лекарите не го тестирале на коронавирус. Неколку дена подоцна, состојбата се комплицирала, па пациентот се вратил во болницата, кога било откриено дека бил заразен од коронавирусот.

Вирологот од Универзитетот во Милано, Фабрицио Прелјиаско, изјавил дека никој од лекарите не помислил дека коронавирусот е стигнат во Италија.

До тој момент, освен кај двајца туристи кои биле хоспитализирани на крајот на јануари, во ниту еден друг случај не бил забележан коронавирусот. Туристите кои биле заболени од опасниот вирус, стигнале од Кина, од место кое се наоѓало на сосема друг крај во Кина, од градот Вухан, местото од каде изби смртоносниот вирус.

„Едноставно немаше причина да се сомневаме во коронавирусот, особено затоа што беше период во кој владееше грипот. Италија се најде во ситуација како и во Кина. Сега се соочува со нов вирус. Вистина, за коронавирусот се зборува веќе со месеци, но во Италија немаше ниту еден случај, освен посочените туристи“, вели Фабрицио.

Професорот Деви Шридхар од медицинскиот факултет во Единбург, смета дека епидемијата доживеала голем пресврт во последните 48 часа, затоа што пораснал бројот на заразени, надвор од центарот од каде изби епидемијата во Кина. Случаите не биле поврзани и ниту едно од заразените лица не биле во контакт еден со друг.

Во последните неколку дена се појавија неколку жаришта во Јужна Кореја, Иран и Италија, каде за неколку дена се забележани над 150 случаи, додека 12 градови беа ставени под целосна блокада, а тамошното население во карантин.

Што се однесува до автохтоното жариште во Италија, на научниците им е тешко да го утврдат патот по кој се случило ширењето на заразата.

„Она што се случува во Италија и Јужна Кореја може да се случи каде било во светот“, предупредил Шридхар.

Scroll to Top