Поголемиот дел од авиокомпаниите го избегнуваат летот над Тихиот океан од безбедносни причини, а и за да заштедат на гориво и време, велат експертите.
Многумина ги шират теориите дека авионите не летаат над Тихиот океан затоа што сметаат дека Земјата е рамна, но вистината е дека кога авионите летаат по одредена рута кон некоја дестинација, тие не се движат по права линија, туку по крива над копното.
Експертите тоа го објаснуваат преку обичен пример. Кога ќе гледате на картата, Земјата изгледа рамна, па оттука правата линија изгледа како најкраток пат до посакуваната дестинација. Но, затоа што Земјата е сферична, кривата патека често е најкраткото растојание меѓу двете локации.
Па оттука летот преку Тихиот океан по права линија претставува многу подолг пат. Тихиот океан е огромна површина. Неговата површина е поголема од целото копно на планетата, па затоа и поисплатливо е да се лета преку копнена површина. Покрај тоа експертите велат дека фактор претставува и времето.
Во поголемиот дел од времето, над Тихиот океан времето знае да биде турбулентно, а често има и грмотевици, па затоа не е безбедна средина за летање со авион. Но, сепак има и авиони кои летаат над Тихиот океан. Таков е случајот со летовите за на островот Хаваи.
Како пример може да се земат и летовите до Нов Зеланд, Австралија, Фиџи, Соломонските Острови, Тонга, Вануату, и други.