Ѕвезда скитник јуриша кон Сончевиот Систем

Новите пресметки на шпански научници покажуваат дека позната ѕвезда скитник, која се движи со огромна брзина кон Сончевиот Систем, ќе се доближи до Сонцето на помала оддалеченост отколку што првично се мислело, пренесува businessinsider.

Според новите пресметки, ѕвездата скитник Глиси 710 би требало да пристигне до Сончевиот Систем за 1,29 милион години наместо за 1,36 милион годишни, што е далечна иднина која нема да ја доживеат ниту најдалечните потомци на денешните луѓе.

Таа би требало да мине низ надворешниот дел од Сончевиот Систем, познат како Ортов Облак. Глиси, која се движи кон вселената без влијание на гравитацијата, има брзина од 51.000 километар на час низ Млечниот Пат.

Уште од 1996 година познато е дека Глиси патува кон Сончевиот Систем, но научниците дури пред неколку години собрале доволно податоци за прецизно истражување на нејзината оддалеченост и брзина.

Експертите сметаат дека Глиси 710 не претставува опасност, дури ни за далечните потомци на луѓето.

Имено, таа ѕвезда има маса која изнесува само 60 отсто од масата на Сонцето, така што со својата гравитација може да влијае само на телата и околината од 40 астрономски единици (оддалеченост од Сонцето до Земјата).

Со други зборови, би можело да предизвика само нарушување во Ортовиот Облак, низ кој ќе мине на одалеченост од 4.303 астрономски единици од Сонцето.

За споредба, тоа е 100 пати подалечно растојание од растојанието меѓу Плутон и Сонцето.

 

 

Scroll to Top