12 места во светот каде што се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави

Во Vile vortex (силен вртлог) спаѓаат 12 географски подрачја на нашата планета. Терминот го смислил Иван Т. Сандерсон, кој ги каталогизирал како местa на кои се случиле необјасниви исчезнувања и  мистериозни појави.

Научниците сè уште не можат да објаснат што всушност се случува на тие места. Овие подрачја се познати по чудните, паранормални феномени, исчезнувања и други вознемирувачки приказни.

Бермудскиот триагоник станал познат по сјајната вода, откажувањето на компасите, киднапирањата од страна на вонземјани и слични чудни настани. Другите области не се толку популарни, но нивните приказни донекаде се слични.

Иван Т. Сандерсон бил биолог, писател, љубител на животни и голем фан на паранормални појави. Бил на експедиции и снимал сè што ќе забележал таму. Пишувал извештаи, правел цртежи и фотографии, дури и се занимавал со научна фантастика.

На своето патување на почетокот на 70-тите години забележал дека во одредени области се случуваат чудни работи. Таму исчезнувале бродови, авиони, луѓе, а наводно се појавило и НЛО.

Иван Т. Сандерсон тврди дека 12-те силни вртлози се наоѓаат по должината на одредена линија на географската ширина. Пет се наоѓаат на истата ширина јужно од екваторот, пет на источната географска ширина на север, додека другите на Северниот и Јужниот Пол.

Тие всушнот се еднакво распоредени на јужната и на северната страна, што некои сметаат дека е причина за хаосот.

Оваа идеја ја презеле и други писатели кои тврделе дека силните вртлози се поврзани со суптилна енергија, како и со електромагнетна аберација. Овој феномен се однесува на геометриските обрасци што ги истражувал Платон во книгата „Антгравитација и светска мрежа“.

Паул Бег во низа текстови за списанието „Необјасниво“ ја критикувал методологијата на писателот на тема необјасниво исчезнување.

Ги проверил оригиналните податоци за наводните инциденти. Често пронаоѓал податоци дека некои бродови кои мистериозно исчезнувале имале добра причина за тоа.

Некои се изгубиле во бурата, иако некои писатели тврдат дека во тој момент времето било убаво. Во други случаи, локациите на исчезнувањето се променети за  подоцна да се вклопат во теоријата за „силни вртлози“. Понекогаш не можеле да пронајдат податоци дека тој брод некогаш и постоел.

ЛОКАЦИИ

Локациите за кои се тврди дека спаѓаат во подрачјата на силни вртлози се Бермудскиот триаголник, мегалитите јужно од Тимбукту, долината Инд во градот Мохенџо Даро, вулканот Хамакулија на исток од Хаваите, Ѓаволовото Море јужно од Јапонија, Јужноатланската аномалија, Вартонскиот Басен, мегалитите на Велигденскиот Остров, источниот дел на Рио де Жанеиро, Лојалти островот и Северен и Јужен Пол.

Во една драматична епизода на каналот History објаснето е дека овој феномен е резултат на магнетизам, за кој исто така зборува Сандерсон.

Оваа емисија истакнува дека силните вртлози се причина за насилното однесување на животните, како и дека тие наводно влијаат на глобалното затоплување.

БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК

Бермудскиот триаголник има долга и мрачна историја. На ова место исчезнуваат цели флоти, авиони и слично. Тој стана познат по мистериозните катастрофи. Според тврдењата на многумина, нешто чудно се случува под водата што донекаде ги контролира сите други природни појави. Во последните 100 години дури 1000 луѓе на овие подрачја го имаат изгубено животот.

 

МЕГАЛИТИ ЈУЖНО ОД ТИМБУКТУ

Древните рушевини кријат многу мистерии. На север од ова место можете да наидете на гробиштата Дјебел Мазала Салусте, каде што постојат пештерски слики и други интересни симболи. Археолозите се воодушевени од ова место, но сите се согласуваат дека некоја чудна аура виси над него.

Се случувало  да исчезнат авиони додека ја прелетувале Сахара, а некои сметаат дека токму овој вртлог е причина за тоа.

ДОЛИНАТА ИНДУС ВО ГРАДОТ МОХЕЊО ДАРО

Западно од реката Индуа, во долината Индус, се наоѓаат остатоци од големиот  град по име Мохење Даро. Се вели дека во овој древен град се почетоците на хиндуистичка религија.

По неговото откритие во 1920 година, почнале ископувања, а археолозите нашле трупови на 40 луѓе. Со оглед дека сликите од богот Шива се наоѓаат секаде во градот, а тој е бог на разорувањето, многумина веруваат дека градот крие некаква темна страна.

 

ВУЛКАНОТ ХАМАКУЛА

Овој вртлог се наоѓа на брегот на Хаваи и се верува дека тука исчезнале бродови и авиони. Но, изворот на неговата моќ често се поврзува со вулканот Хамакулиа. Локалното население вели дека можат да се забележат чудни светла над вулканот.

ЃАВОЛСКОТО МОРЕ ЈУЖНО ОД ЈАПОНИЈА

Јапонија своето Ѓаволско Море го сфаќа многу сериозно. Ова подрачје е преплавено со древни верувања кои датираат уште од 1000 година пред новата ера. Древните Кинези верувале дека во тој регион постоеле големи змаеви кои ги влечеле бродовите во смрт во период од 1200 години.

Иако повеќето луѓе веруваат дека тоа време минало, и денеска се случува  во тоа подрачје да исчезнат бродови без никаква трага.

ЈУЖНОАТЛАНСКАТА АНОМАЛИЈА

Овој вртлог посебно е интересен затоа што НАСА ова сериозно го проучува. Земјата е опкружена со внатрешни и надворешни радијациски појаси. Во јужниот Атлантик внатрешниот радијациски појас се приближува до површината на земјата создавајќи простор во кој земјеното магнетно поле слабее, што доведува до тек на енергетски честици.

Сателитите често минуваат низ овој појас и доживуваат крахови, а астронаутите гледаат чудна светлина. Ова им предизвикува проблеми на авионите, кои често мистериозно исчезнуваат или имаат дефекти.

ВАРТОНОВИОТ БАСЕН

Во близина на североисточниот дел на Индискиот Океан се наоѓа Вартоновиот Басен. Овде се случуваат многу потреси поради судирот на плочите, па затоа истиот се проучува.

Истражувачите немаат мапа на ова океанско подрачје и не се потрудиле да направат уште од 60-тите години. Оваа област е позната по исчезнувањето на малезискиот авион MH370, кој исчезна во 2014 година.

 

 

ВЕЛИГДЕНСКИОТ ОСТРОВ

Нема сомнение дека сте слушнале за главите на Велигденските Острови и мистериите што ги опкружуваат, како и за цивилизацијата што ги изградила. Таа исчезнала поради лошото управување со ресурсите и поради други економски прашања.

Некои луѓе веруваат дека овие камени статуи се дело на вонземјани, што е поврзано со убедувањата на Ивана Т. Сандерсон дека НЛО е поврзан со ваквите силни вртлози.

 

ИСТОКОТ НА РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Источно од Рио де Жанеиро се наоѓа прекрасен океан со бројни луксузни плажи. Овде туристите доаѓаат во голем број, но малку од нив знаат дека на ова место има силни вртлози. Овде во 2014 година исчезнал мал брод, а семејството и денеска ги обвинува властите дека не се трудат да го пронајдат бродот.

ЛОЈАЛТИ ОСТРОВОТ

Тоа е архипелаг во Пацификот, дел од територијата на Нова Каледонија, чие копно е одалечено околу 100 километри. Околу 18.000 луѓе живеат на ова место.

 

СЕВЕРЕН ПОЛ

Северниот Пол претставува најсеверната точка на Земјата.

Иако се смета дека постои единствен Северен Пол и дека тој на глобусот е претставен како точка низ која минува оската на Земјината ротација, во природата постојат повеќе северни полови.

ЈУЖЕН ПОЛ

Јужниот Пол е најужната точка на планетава, што ги опфаќа поимите на јужен географски и јужен геомагнетен пол. Тој е една од двете точки каде што оската на Земјината ротација минува низ површината на планетата. Тоа е најужната точка на површината на Земјата и лежи на спротивната страна од Северниот Пол.

Јужниот Пол се наоѓа на Антарктикот. На оваа локација се наоѓа американската поларна станица Amundsen-Skot, која е воспоставена во 1956 година и била перманентно во употреба од тоа време. Географски Јужниот Пол не е исто што и јужниот магнетен пол.

 

Scroll to Top