Рускиот опозиционер Алексеј Навални планира да се врати во Русија, но вели дека сѐ зависи од лекарите кои го следат неговото закрепнување.
„Како планирам да се вратам? Ќе купам карта, ќе седнам во авион и ќе слетам во Шереметјево (аеродром во Москва)“, изјавил Навални за радио „Ехо Москва“.
Тој додал дека има работа во Русија, но не може да каже кога точно ќе се врати.
„Бесмислено е да разговарам за рокови, затоа што ни самиот не знам кога ќе се вратам. Редовно работам некои анализи, луѓето ја следат динамиката на моето закрепнување, кое се одвива многу побрзо отколку што очекувавме. Работам сѐ што е во моја моќ за да се вратам“, вели Навални
Тој додал дека не може да учествува на изборите за Државната дума, затоа што му е забрането. За потсетување, Навални во моментов се наоѓа во Германија, каде што се лекува, откако беше отруен со нервниот гас новичок во Омск.