Алвеш не користел кондом, девојката што ја силувал не ги испрала гаќите: нови докази против фудбалерот

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш не користел кондом, а девојката која ја силувал не ги испрала гаќите. Ова се новите клучни докази кои ги изнесе адвокатката на девојката, која Алвеш наводно на 30 декември ја силувал во ноќен клуб во Барселона.

Алвеш е уапсен одма по нападот и во моментов се наоѓа во затвор. Таму ќе остане додека трае судењето. Обвинет е за силување на 23 годишна девојка која наводно ја однел во тоалет. Таму ја заклучил вратата и ја присилил на секс. Бил виден како прв го напушта тоалетот, а по некое време си заминала и жртвата.

Веднаш повикала итна помош. Била испрашана и од полицијата, а два дена подоцна случајот заврши во обвинителство. Нејзината адвокатка сега ги изнеес клучните докази во истрагата против фудбалерот. 

„Мојата клиетнка добива психолошка поддршка во установа во која престојуваат жртви на насилство. Болницата и овозможи третман за да ги избегне заразните болести, затоа што силувачот не користел кондом. Исто така зема и лекови за смирување затоа што во моментов е во лоша психичка состојба. По силувањето не може да спие“, рече нејзината адвокатка, а пренесе „Марка“.

На новинарите им откри дека нејзината клиетнка ги сочувала клучните докази, долната облека која ја носела таа вечер.

„За среќа, клубот во кој е силувана го напуштила во кола на итна помош и отишла право во полиција. За разлика од многу жртви на сексуално насилство, кои ја мијат облеката, девојката во овој случај не ги уништила доказите. Морам да напоменам дека во ноќта кога ја силувал, мојата клиентка нема пиено алкохол, а во полиција даде изјава без никакви контрадикции, што е реткост, затоа што повеќето жени кои го доживуваат ова трауматично искуство ги забораваат деталите“, дополни адвокатката.

За потсетување, ако Алвеш е прогласен за виновен, го чекаат од четири до 12 години затвор.

 

 

Scroll to Top