Америка ја почнува најголемата воена вежба во историјата против Северна Кореја

Досега „најголемата воена вежба“ ќе биде симулација на инвазија врз Пјонгјанг.

Американските и јужнокорејските сили ќе вежбаат симулација на целосна војна со Северна Кореја.

Најмалку 230 борбени воздухопловни авиони од САД, но и од Јужна Кореја ќе учествуваат во провоцирањето на заедничките воени игри на самата граница на Северна Кореја.

12.000 американски војници и најмалку 4000 војници од Јужна Кореја ќе учествуваат во вежбата која ќе почне в недела, во која САД и Јужна Кореја ќе вежбаат крвава војна со Пјонгјанг.

Воената машинерија само ги следи наредбите и предупредувањето на Доналд Трамп и има за цел да се „погрижи за Северна Кореја“, по нивните неодамнешни тестирања на ракетите со долг дострел.

Само неколку дена откако Пјонгјанг ја лансираше својата најнапредна интерконтинентална балистичка ракета (ICBМ), експертите предупредија дека таа има потенцијал да ја погоди целта на кое било место на територијата на САД.

Северна Кореја изјави дека САД молат за нуклеарна војна која ја планира како никогаш претходно, заедно со Јужна Кореја, а тоа се покажало и по спроведените неодамнешни вежби со нуклеарни носачи на авиони, пишува Блумберг.

„Треба ли Корејскиот Полуостров и светот да бидат вплеткани во нуклеарна војна поради неупатената манија на САД? САД ќе мораат да преземат целосна контрола и одговорност за тоа“, изјави преку соопштение државната телевизија на Северна Кореја, повикувајќи се на изјавите на Министерството за надворешни работи.

Соопштението е објавено откако „Јонап њуз“ известил дека шест американски воздухопловни авиони од типот Раптор тајно стигнале во Јужна Кореја во саботата со цел да се извршат заеднички воени воздушни вежби под името „Vigilant Ace 18“, кои се закажани за периодот од 4 до 8 декември.

Авионите F-22 исто така долетаа во Јужна Кореја за да покажат демонстрација на моќ. Невидливите ловци, меѓутоа, беа само мал дел од демонстрираната сила:

Според извештаите на локалните медиуми, околу 230 авиони и до 16.000 војници и пилоти учествувале во вежбите, кои претставуваат една од најголемите воени вежби изведени кога било од ваков вид.

Во склоп на воените вежби „Vigilant Ace 18“, американската и јужнокорејската војска ќе тренираат инвазија над Северна Кореја, а напоменуваат дека планирано е да се организираат симулирани напади над лажните севернокорејски нукларни и ракетни цели.

И покрај острата реторика на Пјонгјанг, американските наредници ги минимизирале податоците за воените вежби, тврдејќи дека се регуларни и дека засега не е нема одговор од страна на Северна Кореја.

Вежбите ќе бидат изведени од страна на најновиот авион „F-35 Lightning IIS“ и „F-22 Raptors“. И двата авиона претставуваат водечки воздушни сили на САД. И двата би можеле да ја добијат големата војна против Ким.

Во реалноста, таа воена вежба веројатно ќе предизвика Северна Кореја да лансира уште една ICBM ракета. Додека Ким Јонг Ун традиционално е бесен поради вежбите на границите на неговата земја, американските сили го преполнија годинава Пацификот со воени бродови, борбени авиони, ракети и војска која е во состојба на подготвеност.

Додека се ближи конфликтот со Северна Кореја, американски сенатор бара да се засолнат луѓето во Јужна Кореја.

Американскиот републикански сенатор Линдси Грахам го повика Пентагон да почне со засолнување на семејствата на припадниците на американската војска од Јужна Кореја, предупредувајќи дека се ближи конфликт со Северна Кореја.

„Лудо е да се остават сопругите и децата во Јужна Кореја, со оглед на провокациите на Северна Кореја. Сакам  Пентагон да прекине со испраќањето  војска и оружје и мислам дека е време за почеток на испраќањето на семејствата на американските воени претставници надвор од Јужна Кореја“, изјави Грахам, кој е член на сенаторскиот одбор за вооружени сили, пренесува „Ројтерс“.

Северна Кореја во средата ја испали најновата интерконтинентална балистичка ракета со далечен дострел, а според наводите на службен Сеул и Вашингтон, овој настан е доказ дека се ближи воен конфликт, пишува „Спутник њуз“.

„Се приближуваме до воен конфликт затоа што Северна Кореја се движи кон технологија на интерконтинентални балистички ракети со нуклеарно оружје, кое може да стигне до тлото на Америка. Немаме повеќе време“, изјави Грахам.

Како што потсетува агенцијата, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати говореше за тоа дека сите опции се на маса, кога станува збор за решевање на прашањата за балистичка и нуклеарна вооружена програма, како и за воената програма на Северна Кореја, но и дека и понатаму преферира на дипломатско решение. Но, Северна Кореја не ги испраќа своите војници на американската граница туку обратно.

 

 

 

 

Scroll to Top