Американска агенција за безбедност нè шпионира преку мобилните, открива познат американски новинар

Новинарот на магазинот The American Conservative Род Дрехер открил детали за шпионирањето на Националната безбедносна агенција на САД, NSA. Дрехер објаснува дека иако од оваа агенција велат дека наметнатото собирање  податоци е работа од национална безбедност, сепак,  на крајот се покажува дека оваа агенција е создадена со поинаква цел.

Дрехер, воден од мемоарите на Сноуден, вели дека оваа агенција има задача да извлече  информации од луѓето и да го провери секој дел од електронската комуникација меѓу нив. Потоа трајно го меморира. Дрехер објаснува дека ваквата пракса е противуставна и дека несомнено доведува до тоталитарен режим, кој прво ги собира информациите, а потоа ги користи за злонамерни цели.

Дрехер пишува за истражувањето на Сноуден, кој случајно наишол на висококласифицирани извештаи за програмата STELLARWIND уште во 2009 година. Сноуден открил дека NSA  ѝ доставила на американската влада таен извештај, поинаков од официјалната службена верзија.

Дрехер тврди дека NSA креирала лажен извештај пред американските законодавци со цел да ја сокрие вистината за тоа што всушност работи оваа агенција.

„NSA стана еден вид вечна агенција за спроведување на законите. Во кој било момент оваа агенција преку нашите уреди, било да е тоа мобилен или компјутер, може лесно да дојде до информации за  кого сака. Секој иден шеф на NSA ќе може лесно да го притисне копчето и веднаш ќе биде следен нечиј телефон или компјутер. Тие ќе знаат каде сме, со кого сме и што правиме и што сме правеле во минатото“, напишал Сноуден во своите мемоари.

Како што објаснува Сноуден, метаподатоците покажуваат сè што работите на своите уреди. NSA може да ги користи овие метаподатоци за да види во кое време станувате наутро, кога излегувате, со кого разговарате и многу повеќе од тоа. Во основа, собирањетоа метаподатоци ѝ овозможува на NSA целосно да ве шпионира.
Со помош на тие податоци, оваа агенција може да следи секого во САД. Службата може да ве следи без ваша согласност и без никакви претходно провокации. Сноуден потоа забележува дека метаподатоците автоматски ги генерираат уредите.
Иако вие самите можете да ги цензурирате разговорите, со тоа нема да можете да спречите овие податоци целосно да ги избришете од меморијата. Дрехер тврди дека никој не собира ваков вид податоци за добротворни цели.
Иако NSA сите овие информации може да ги собира под изговорот за национална безбедност, вистината е дека сојузната агенција целосно е надвор од контрола и ја нарушува слободата. Според нивната шема на „вечна агенција за спроведување на законите“, САД ќе се претворат во тоталитарна полициска држава во која „Големиот брат“ може да знае сè за сите нас, да гледа сè и да контролира сè. Народот ќе биде под постојана лупа.
Scroll to Top