Речиси половина од американските војници сметаат дека САД наскоро ќе бидат вовлечена во голема војна, покажува анкетата на весникот „Воен тајмс“.
Според резултатите од истражувањето, 46% од американските војници сметаат дека нивната земја ќе почне да војува веќе во наредната 2019 година. Минатата година ваквото мислење го делел секој пет испитаник.
Повеќето испитаници (71%) сметаат дека Русија ќе биде главен противник во можната војна, на второто место е Кина (69%). Во 2017 година за Русија се изјасниле 53%, додека за Кина овој процент изнесувал 45% од анкетираните војници.
Но, војниците сметаат дека главната закана за националната безбедност на САД е сајбер-тероризмот, дури 89% од американските војници го делат ова мислење.
Од друга страна, половина од анкетираните војници сметаат едка нивната земја, сепак, нема да војува наредната година. Минатата година така мислеле 67% од испитаниците.
Резултатите од анкетите покажуваат дека американските војници престанале да сметаат дека Северна Кореја е закана, а причината за тоа е политиката на Доналд Трамп кон Пјонгјанг.