Американците за руската вакцина – „не би ја дале на мајмуни, а не па на луѓе“

Америкнаците ја одбиле помошта која им ја понудиле Русите, со нивната вакцина против коронавирусот, пренесува „Си-ен-ен“. Руски официјални лица изјавиле дека се понудиле тајно да соработуваат, но од САД во моментов не се отворени за рускиот медицински напредок.

„Постои општо чувство на недоверба меѓу Русија и американската страна и веруваме дека технологиите, вклучително вакцината, тестирањет и лечпењето, не се усвојуваат во САД, поради таквата недоверба“, изјавил високо официјално лице во Русија, пренесува српски Курир.

Претседателот Трамп е известен за руската вакцина, изјавила во четвртокот претставникот за медиумите во Белата куќа, Кајли Мекенани. Таа додала дека американската вакцина минува низ ригорозна трета фаза на испитување и мора да се држат до многу повисоки стандарди.

„Нема шанси во САД некој да ја проба руската вакцина. Таа не би ја дале ниту на мајмуни, а не пак на луѓе“, изјавиле американските официјални лица за „Си-ен-ен“.

Руските претставници исто така изјавиле дека американските компании имаат дозвола да ја произведуваат руската вакцина во САД. Тие велат дека некои американски компании се заинтересирани, но не сакале да ги откријат имињата.

По одбиената помош, руските извори изјавиле дека Вашингтон би требало сериозно да ја разгледа опцијата за усвојување на вакцината.

„Ако нашата вакцина се покаже како една од најефикасните, ќе се постави прашањето зошто САД не ја истражил подлабоко оваа опција, односно зошто политиката добила предност, во однос на вакцината“, изјавил рускиот претставник.

Додека во светот владее пандемиска пародија, САД реално се загрижени за руската вакцина, затоа што не постојат докази кои би можеле да потврдат дека лекот дејствува.

„Сега во Русија има доволно заболени за да може да се спроведат клинички испитувања, но се чини дека тоа не се прави во доволно големи размери“, изјавил советник на американската влада.

„Немаше никакви направени експерименти со оваа вакцина. Тие работеа на премал број на луѓе, за да се одлучат да го прават тоа во поголем обем. Говориме за целосно неадекватни податоци за безбедноста“, дополнува советникот во американската влада.

Поранешен висок официјален претставник во американската администрација, изјавил дека руската вакцина е шега и дека ниту СЗО не ја зема за премногу сериозна. Истиот извор изјаивил дека Кина е поблиску до победата во трката за вакцината.

Таа држава се држи до истите протоколи како и западните земји.

„Кина силно сака да му се приклучи на светот, со нормални реакции и регулации и тоа ќе се обидат да го направат“, вели изворот.

За разлика од Русија, Кина ги поделила податоците за истражувањето на вакцините за неколку кандидати, покажувајќи експериментален лек, кој бил ефикасен како што било предвидено во првите фази од тестовите.

Кинеските официјални лица, исто така изјавиле дека земјата разгледува да се даде вакцината на некои луѓе, пред резултатите од третата фаза бидат подготвени.

Генералниот директор на СЗО Брус Ејлвард исто така изјавил дека организацијата нема доволно информации за вакцината за да донесе било каква пресуда.

„Во моментов разговараме со Русија за да добиеме дополнителни информации за да го разбереме статусот на тој производ, да спроведеме испитувања, а потоа и за тоа кои би можеле да бидат следните чекори“, изјавил Ејлвард.

Во извештајот се напоменува дека претседателот Путин ја одобрил вакцината претходно оваа недела, тврдејќи дека имунизацијата ги штити луѓето до две години, а притоа не понудил никакви научни докази.

Ниту еден научник, никаде во светот не дал проценка на должината на имунитетот на Ковид 19 и која вакцина може да го овозможи истиот, затоа што вирусот е премногу нов, за да може да се даде било каков одговор.

СЗО и нејзините партнери, во нивната иницијатива, вклучуваат девет експериментални лекови на Ковид 19, кои се во напредно тестирање. Тоа е механизам на вложување на СЗО и охрабрување на земјите да се придружат за да може да се добие пристап до вакцините.

Со помош на оваа иницијатива, ќе бидат собрани средства и за земјите во развој.

Извор/Курир.рс/Си-ен-ен

Scroll to Top