Од Американската вселенска агенција НАСА велат дека на 2 ноември покрај Земјата ќе помине астероид со големина од околу два метра.
Научниците велат дека дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е премал за да има какво било влијание врз нашата планета.
Си-ен-ен посочува дека интересен е фактот е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД.
Во моментов во земјата се случуваат голем број протести и немири. Луѓето се незадоволни од слабата ефикасност на институциите и начинот на кој тие се справуваат со пандемијата на коронавирусот. Земјата е длабоко политички поделена, пишуваат медиумите.
Експертите од НАСА, меѓутоа, пресметале дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.