На страна низата докази кои постојат за елипсоидниот облик на земјата, рамноземјашите и понатаму не се откажуваат од побивањето за нејзиниот облик како и од оправдување на нелогичностите кои моделот на рамна земја, едноставно не може да ги објасни.
На некое елементарни работи како што е гравитацијата (за која тврдат дека не постои), заоѓањето и изгревањето на сонцето (за кои велат дека е само привид), затемнувањето на Месечината (тука малку се разликуваат во објаснувањата, но таа појава ја сметаат за заговор), голема група од нив сега излегоа и со нови теории за Антарктикот и Австралија.
Австралија според нив, не постои, а велат дека сите кои биле на Јужниот пол или се заваедени или намерно лажат дека престојувале на тоа место.
Не е јасно зошто сега прстот го посочиле на најмалиот континент во светот, односно зошто и него не го ставиле на плочата, туку го ставиле на списокот на работи кои не постојат, но некој или некои (кој и да е тоа), сакаат ние во него да веруваме.
Австралија не постои. Тоа е измислица во која не убедуваат дека постои. Да мислиме дека Британија ги испратила некаде своите осуденици, а всушност ги качиле на бродови и ги потопиле. Тоа е заташкување на најголемото масовно убиство во историјата, која го извела една од најголемите империи.
Австралија не постои. Се што го нарекуваат доказ, всушност се добро изрежирани и лажни документи кои ги направиле најмоќните светски влади. Вашите пријатели од Австралија се актери и компјутерски холограми, и се дел од заговорот.
Ако мислите дека сте биле во Австралија, се лажете. И пилотите се дел од загворот, всушности ве оставиле на остров или во делови од Јужна Америка, каде го исчистиле просторот и ангажирале актери за да глумат вистински Австралијанци.
Австралија е една од најголемите измами кои некогаш е измислена и сите сме измамени. Приклучете се во движењето денес и покажете им на луѓето дека се измамени, напишале на страната за Рамна земја.