Бајрамска прослава во Гетинген го прошири коронавирусот, Германците ги обвинуваат Балканците за ширење на вториот бран

Германците ги обвинуваат Балканците за новиот бран на коронавирусот, пренесува српски Курир, повикувајќи се на Fonet. Медиумите пишуваат дека на семејните прослави по повод Бајрам, на 23. мај, во германскиот град биле прекршени прописите за хигиена и социјално растојание, па дошло до нагло ширење на вирусот.

Како последица на тоа, во градот биле заразени 86 лица и уште 18 во околината, со претпоставка дека таквата бројка во иднина ќе расте. Поради тоа е одреден карантин за неколку стотина луѓе кои биле во контакт со заразените. Три лица се наоѓаат на болничко лечење, а една е ставена на респиратор.

Оваа недела ќе бидат тестирани уште околу 700 жители од еден комплекс на згради во Гетинген, во кој била одржана бајрамска прослава. Заразата се шири и надвор од градските граници, затоа што многу гости стигнале од околината и другите делови на земјата.

Еден ученик во школо раскажал дека членовите на неговото семејство, за време на средбата се гушкале и ракувале. Како што е соопштено од градската управа, повеќето учесници во прославата, потекнуваат од земјите од поранешна Југославија. Полицијата засега не сакала да дава конкретни изјави за тие семејства.

Тој комплекс на згради веќе неколку дена го набљудуваат новинари, нешто што не им се допаѓа на некои од станарите. Во средата, според некои наводи, бил нападнат тим на една приватна телевизиска станица.

„Луѓето ни се заканија дека ќе ни ја уништат опремата. Освен тоа не маваа од терасите со компири“, изјавил камерманот Фестим Беќири.

Дополнителен можен извор за ширењето на заразата е и собиранката во еден бар, кој во неделата бил отворен и покрај забраната од властите. Во него се собрале повеќе лица и пушеле од исто луле.

Поради наглото ширење на епидемијата, градските власти до следниот понеделник ги затвориле сите школи и пет градинки, затоа што меѓу заразените се наоѓале и млади лица.

По повторното отворање, ќе бидат воведени задолжителни обврски за носење на заштитни маски, што кај голем број родители и директори во школите предизвика бран на незадоволство, затоа што школите дури од неодамна, по подолго време повторно беа отворени.

„Застрашувачко е што тие луѓе мислат дека за нив правилата не важат или дека за нив правиалта под одредени услови се ставени надвор од сила“, изјавил директорот на едно од школите Ларс Хумрих.

На две недели, повторно е забрането и тренирањето на повеќе спортови, а затворен е и градскиот базен. Сеуште е неизвесно дали за целиот град ќе бидат повторно воведени строги ограничувања во целта за сузбивање на ширењето на вирсуот.

 

 

 

Извор/Курир.рс

Scroll to Top