Банката за малку ќе ѝ ја земеше целата заштеда само поради нејзината боја на кожа

Во Америка почна безбедносна проверка на сметките во банките во случаи кога кај вработените ќе се појави сомнеж дека чекот е лажен или клиентот не работи во компанијата од која прима плата. Ова во иднина може да резултира со тоа клиентите да останат без своите животни заштеди.

Токму тоа ѝ се случи на Американката Триш Долин, која непријатната ситуација ја објавила на „Фејсбук“, а верува дека причината поради која вработените во банката така се однесувале кон неа е само затоа што е црнка па не верувале дека е архитект со добри примања.

Откако го наплатила чекот од работодавачот, по излегување од банката, уште не стигнала до автомобилот, повторно ја вратиле назад.

Директорот на банката „Кeyбaнк“ ја замолил да се врати затоа што сакал да ѝ постави неколку прашања.

Тогаш се нашла во ситуација да докаже дека навистина работи како архитект. 36-годишната девојка изјавила за „Бузфид“  дека новата работа во компанијата ја пронашла неодамна.

Директорот на банката ѝ поставил прашање од типот „Каде е седиштето на компанијата?“, „Зошто седиштето е во Филаделфија?“, „Што точно работи таму?“, а потоа побарал потврда од Одделот за човечки ресурси дали е вработена таму.

За да бидат работите полоши, од Одделот не одговориле веднаш, па банката одлучила исплатата да ја одложи за девет дена, додека не бидат сигурни дека банката нема да биде оштетена.

Објавата предизвикала бес меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои почнале ја споделуваат нејзината објава за да ја прошират лошата реклама за оваа банка, за која очигледно непоимливо е некој кој има црна боја на кожата во исто време да има и пристојна работа.

 

 

 

Scroll to Top