Бил Гејтс: Глобалното затоплување е закана по човештвото

Милијардерот и основач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс предупредил дека милиони луѓе се соочуваат со изумирање, поради заканите од глобалното затоплување. Гејтс вели дека причините за климатските промени се предизвикани директно од човекот.

Појавувајќи се во емисија на телевизијата „Фокс њуз“, Гејтс го критикувал претседателот Трамп поради обидот да го намали американскиот буџет за странска помош, во износ од 30 милијарди долари. Гејтс предупреди дека поради тоа Африка ќе почувствува неповолни климатски промени.

„За среќа Конгресот ја превземал одлуката за намалување на буџетот на УСАИД, што би значело кратење на финасирањето на лекови за ХИВ. За среќа тие ќе одлучат да не ја укинат помошта кон странство“, изјавил Гејтс.

На прашањето за климатските промени, милијардерот потврди дека земјите како Африка, кои се целосно зависни од дождот, климатските промени ќе претставуваат закана за нивното преживување.

Исто така Гејтс предвидел дека милиони луѓе се соочуваат со изумирање поради климатските промени кои милијардерот очекува да се случат за педесет до сто години. Гејтс истакнал дека значаен дел од нив ќе бидат луѓе од сиромашните земји, поради недостигот на производство на храна.

Милијардерот објаснил дека во Африка неуспешните жетви се појавуваат еднаш на секои 12 години. Со климатските промени, Гејтс предвидел дека во иднина неуспешните жетви ќе се појавуваат еднаш на секои 4 години.

 

 

 

 

 

Scroll to Top