Бил Гејтс сакал Џефри Епстајн да му среди да добие Нобелова награда за мир

Основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс сакал неговиот пријател, милијардерот и осуден педофил, Џефри Епстајн, да му среди за да добие Нобелова награда, сметаат некои теоретичари на заговор, а пренесуваат медиумите.

Бил Гејтс во март 2013 година, заедно со Епстајн, го посетиле Торбјерн Јагланд, тогаш претставникот на норвешкиот Нобелов комитет.  На Гејтс не му сметала репутацијата на Епстајн. И покрај тоа што знаел за обвинувањата за педофилија, тој се дружел со него.

Двајцата се запознале во 2011 година. Како што пренесува норвешниот дневник DNMagasinet, Епстајн на Гејтс, во март 2013 година го однел на состанок со Тробјерн. Тој состанок се одржал во Стразбур, каде поранешниот норвешки премиер има куќа.

Состанокот се одржал на барање на Бил Гејтс. На него присуствувале претставници од Меѓународниот институт за мир чија работа е фокусирана на здравствениот систем и вакцинацијата. По тој состанок, фондацијата на Гејтс, на овој институт уплатила десет милиони долари за проект за искоренување на детската парализа.

Епстај во 2008 година ја призна вината за злоставување и подведување на малолетнички на проституција и поминал 13 месеци во домашен притвор. Обвинителството тврдело дека тој со своите соработници сексуално злоставувал најмалку 36 малолетнички, од кои некои имале само 14 години.

Епстајн повторно бил уапсен на 6. јули 2019 година, под обвинеие за трговија со малолетници. Пронајден е мртов во својата затворска ќелија на Менхетен. Наводно тој се обесил.

Аутопсијата покажала дека вратот му бил скршен, а камерите од ќелијата биле исклучени во моментот на смртта. Епстајн се дружел со голем број на моќни луѓе и политичари, меѓу кои биле и Бил Клинтон, Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, како и го бројни холивудски глумци.

Се шпелулирало дека снимал малолетнички и дека ги приморувал да имаат секс со познатите. Бил Гетјс барал од него да се состанат за време на неговата посета во Стразбур. Го интересирала неговата работа во Светот на Европа на обезбедување на вакцина против детска парализа.

„Бил Гејтс и Епстајн заедно дојдоа во мојата резиденција. Ги запознав со европскиот систем за контрола на медицински средства и потоа разговаравме на бројни други теми“, изјавил Јагланд.

Деталите од овој состанок биле открие дури оваа недела, а вработените во фондацијата на Гејтс кој сакале да останат анонимни, велат дека американскиот милијардер намерно го игнорирал фактот дека Епстајн во 2010 година, бил осуден поради детска проституција.

Тој сакал само да го искористи за да ја добие престижната награда.

„Бевме свесни за фактот дека репутацијата на Епстајн претставува ризик по фондацијата и за нашите соработници. Знаевме дека Епстајн не е чист, но Бил одлучи да го затвори едното око. Се надеваше дека Епстајн ќе го запознае со вистинските луѓе и ќе ја добие Нобеловата награда за мир. Беше разочаран кога тоа не му успеа“, изјавил еден од вработените.

Непознатите детали од животот на Бил Гејтс почнаа да се појавуваат во јавноста, по 4. мај, откако беше објавено дека по 27. години брак, тој се разведува од неговата сопруга Мелинда, со која има три деца.

За потсетување, многумина сметаат дека често во историјата Нобеловата награда за мир, не секогаш завршувала во вистински раце. Во 2012 година ја доби Европската унија, поради заслугите за изградба на мир и развој, но, многумина сметаат дека не ја заслужиле, поради фактот што земјите членки продаваат оружје на други земји. Во 2009 година, наградата ја доби Барак Обама за допринес и разбирање меѓу народите, а тој го нареди бомбардирањето на седум држави. Во 2004 година наградата ја доби Вангари Матаи, за борба против зачувување на природата и правата на жените. Позната е по тоа што тврдела дека вирусот ХИВ го создале белците за да ја поробат Африка. Во 1994 година наградата заврши во рацете на Арафат, за допринес во мировниот договори со Израел. Мирот како што може да се види, до ден денес никогаш не заживеа. Во 1973 година, наградата ја доби Хенри Кисинџер поради неговиот допринес за завршувањето на војната во Виетнам, која всушност заврши дури 1975 година.

 

Scroll to Top