Бил Клинтон бил поврзан со Џефри Ептајн, а фотографиите во домот на педофилот милијардер го потврдуваат тоа, пишуваат светските медиуми. Новите докази претставуваат големи проблеми за Хилари Клинтон, пишува „Вестерн журнал“.
Според податоците до кои дојде „Дејли мејл“, во периодот меѓу 1993 и 1995 година Џефри Епштајн 17 пати ја посетил Белата куќа и бил кај претседателот Бил Клинтон. Со него биле уште 8 жени.
Епштајн, за потсетување, се обеси во својата ќелија во август 2019 година додека го чекаше судењето за наводна трговија и сексуално малтретирање малолетни девојки.
Тој беше поврзан и имаше врски со голем број познати личности, новинари и истакнати политички лица, меѓу кои и Бил Клинтон.
Многу од нив биле споменати во неговата мала црна книга. Во својот извештај за многуте посети на Епштајн во Белата куќа, „Дејли мејл“ ги забележал и фотографиите во неговиот дом во Палма Бич на Флорида.
Покрај неговата партнерка Гислејн Максвел, во извештајот се споменати и имињата на другите седум жени со кои Епштајн бил во посета на Белата куќа кај Клинтон.
Максвел неодамна беше осудена за неколку злосторства поврзани со трговија на малолетни девојки. „Дејли мејл“ наведува дека три од наведените жени биле поранешни девојки на Епштајн. Станува збор за Селина Миделфарт, Ева Андерсон Дабин и Френсис Жардин.
Другите жени на фотографиите биле Џенифер Герисон, Шили Гафни, Џенифер Драјвер и Љубов Орлов. Како вестите за Бил Клинтон продолжуваат да се развиваат, така Хилари станува понапната од фрустрации и размислува за ситуацијата и со Моника Левински.
Нејзиниот сопруг веќе е обвинет за сексуално малтретирање и вознемирување на неколку жени во текот на годините, а беше обвинет и поради лагите за својот сексуален однос со Левински во Белата куќа.
Нејасно е уште колку истакнати личности биле вклучени во злосторствата на Епштајн. Меѓу нив беше и британскиот принц Ендру, кој ги негира сите обвинувања на негова сметка поврзани со сексуално вознемирување малолетни девојки.
Но, и покрај тоа, кралицата Елизабета одлучи да му ја одземе кралската титула. Дали други истакнати политички личности, поранешни претседатели на САД, ќе се соочат со слични правни постапки поврзани со Епштајн, останува допрва да се види.