Поранешниот американски претседател Бил Клинтон заведувал малолетнички, исто како и неговиот пријател американскиот милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн, кој годинава се обеси во својата ќелија во затворот во Њујорк. Овие тврдења се објавени во новиот документарец за осудениот милијардер Џефри Епстајн.
Во него се наведени нови детали во случаите со педофлија, во кои се замешани и неколку моќни пријатели на покојниот Епстајн, меѓу кои и поранешниот американски претседател Бил Клинтон и холивудскиот глумец Кевин Спејси.
Поранешниот американски претседател, признал дека летал заедно со Џефри Епстајн, со неговиот приватен авион, наречен Lolita Ekspres, а дневниците за летање покажуваат дека, сопругот на Хилари, летал со овој авион најмалку 26 пати, вклучувајќи и патување во Африка. Меѓу патниците бил и глумецот Кевин Спејси.
Клинтон тврди дека одбивал да ги посетува резиденциите на Епстајн, особено тие надвор од територијата на САД.
„Со Епстајн не разговарал повеќе од деценија и никогаш не биле на острвот Литл Сент Џејмс, ниту на неговиот ранч во Ново Мексико, или пак на неговиот имот на Флориа“, изјавил прес секретарот на Клинтон.
Голем број соговорници во документарецот се присетуваат како го виделе Клинтон на Литл Сент Џејмс, на приватниот остров на Епстајн, на американските Девствени Острови, инаку познати како „педофилскиот остров“. Тоа било главното засолниште на Епстајн, каде ги носел своите малолетни жртви, на сексуална трговија.
Таму ги запознавал со своите влијателни пријатели.
„Тоа беше навистина остров на оргиите. Таму се случуваше сè. Тоа е она што островот значеше за мене“, вели Вирџинија, додека Сара Ренсон, уште една од жртвите на Епстајн, вели дека, милијардерот во повеќе наврати ја силувал на островот, а понекогаш и трипати на ден.
И Стив Скали, човекот кој управувал со телекомуникациите за Епстајн, на островот вели дека Бил Клинтон бил таму.
„Бил Клинтон беше на островот Сент Џејмс од 1999 до 2005 година. Го видов како седи со Епстајн заедно во дневната соба“, вели Стив.
Жуфре се присетува дека вечерала со Клинтон. „Беше таму, но никогаш не го видов да направи нешто непримерно“, објаснува таа.
Една од девојките жртви на педофилот, Вирџинија Жуфре, го обвини милијардерот заедно со неговата помошничка и таканаречена десна рака, Жислен Максвел, која договорила таа да има секс со британскиот принц Ендру, синот на кралицата Елизабета Втора, кој важел за близок пријател со Епстајн.
Меѓу имињата се споменува и името на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој сега тврди дека другарството со Епстајн го завршил многу одамна и дека со него не разговарано повеќе од 15 години.