Бивша плејбој-зајчица и манекенка обвинета за убиство на психијатар

Бивша плејбој- зајчица и манекенка Келси Тарнер е обвинета за убиство на психијатарот-доктор Томас Бурчард, од Калифорнија. Судот ја осуди на казна затвор од 10 до 25 години. На судењето се покажало дека Тарнер го убила Томас откако престанал да и плаќа ќирија, иако претходно се обврзал на такво нешто.

Тужителите докажаа дека со помош на нејзиниот дечко, Џон Кенисон, го претепале со безбол палка, а тело го ставиле во багажник од неговиот автомобил „Мерцедес“.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, 29 годишната Тарнер, која позирала за „Плејбој“ и Maximu, била во врска и со 71 годишниот Томас и дека плачела додека ѝ ја читале пресудата. Полицијата го нашла Томас во автомобил во март 2019 година.

За убиството бил уапсен и нејзиниот тогашен дечко Кенисон. Иако на почетокот не го признале делото, сепак се согласиле дека обвинителството поседува докази со кои ги убедиле судијата и поротата да ги обвинат. Овој правен маневар им овозможи да избегнат судење и истовремено да добијат поблага казна.

Исто така имаат и право на жалба. Кенсон сè до минатата тврдеше дека се невини. Тарнер на обвинителите им призна на крајот дека го претепал Бурчард со безбол палка и дека и помогнал на Тарнер да го сокријат телото во синиот „Мерцедес“.

Осуден е на затворска казна од 18 до 45 години. Обвинителите ја нарекоа нивната врска љубовен триаголник и на судот објасниле дека Тарнер и Бурчард биле во врска во периодот од мај до декември.

Бурчард бил познат како добар човек и дека пациентите во ординацијата често ги забавувал со маѓионичарски трикови, а дури и по пензионирањето продолжил да работи за да им ја даде неопходната нега. Неговата добрина, како што тврдат неговите адвокати, на крајот го довела до смрт.

Пред судот е кажано дека двајцата почнале да се забавуваат краток период пред неговата смрт и дека направиле договор со кој психијаторот ѝ ветил дека ќе ѝ ја плаќа ќиријата во период од една година.

Обвинителите навеле дека плејбој-манекенката создала вистинско мало богатство во износ од 300.000 долари и сето тоа на сметка на нејзиниот постар дечко.

Секој месец ѝ давал по 3200 долари за кирија, а таа со другиот дечко живеела во луксузен стан во Лас Вегас. Во ноември 2019 година исплатите престанале, а Бурчард заминал од Калифорнија во Вегас да ѝ каже дека повеќе нема да може да ѝ ги плаќа сметките.

Физички го нападнале додека возеле низ пустина во Невада. Тарнер и Кенсон со палка го претепале до смрт и го ставиле неговото тело во багажникот од неговиот луксузен автомобил.

Џуди Ерп, другата девојка на Бурчард со која претходно се забавувал 17 години, рече дека неколку години се грижел за манекенката, а за Тарнер рече дека била злобна како Чарлс Менсон, психопатот и брутален убиец кој е осуден за девет убиства.

„Во последниот разговор со него, ми рече дека мора да оди во Вегас и да провери некои работи затоа што е компулсивна лажливка“, рече Ерп во едно од нејзините интервјуа во 2019 година, а брзо потоа дознала за смртта на Бурчард.

Кенисон на почетокот негирал дека е замешан во убиството и тврдел дека неговата девојка Тарнер не била спонзоруша која го искористувала Бурчард.

„Ние не сме чудовишта, не го убивме“, рече тој и на полицијата им ја посочи како соминтелна поранешната пријателка на Келси, Дајана Пен, која и претходно била обвинета за убиство во овој случај.

Во јуни 2019 година ја призна вината по една од точките за соучесништво, но инсистирала дека нема никаква врска со претепувањето. На полицијата ѝ рекла дека Келси и Бурчард се расправале откако ги видела фотографиите и пораките на неговиот телефон.

Рече дека била таму кога Кенисон дигнал палка на Бурчард, но дека не гледа како таа е вмешана во целата работа. Ито така, потврдила дека Тарнер бил насилен и призна дека побарале да им помогне да го исчистат местото каде го убиле.

Ерп од друга страна рече дека Бурчард со години плаќал околу 300.000 долари за киријата на Келси, но и дека често им праќал пари и на други жени кои ги запознал преку интернет, како и на некои од неговите пациенти. Токму тоа делење на пари била причината за разводот од бившата сопруга во 2001 година.

„Таа не можеше да се помири со тоа. Секогаш им помагаше на други. Секој кој ќе дојдеше кај него со тажна животна приказна, тој му помагаше. А, некои од луѓето тоа го искористуваа“, рече Ерп пред судот.

 

Scroll to Top