Близок соработник на Гадафи открива зошто Саркози му го свртел грбот

Поранешниот главен преведувач и близок соработник на Моамер Гадафи, Мофтах Мисури, во едно свое интервју наведува дека само едно француско министерство добило 2,7 милијарди евра од Либија.

Зошто полковникот Гадафи решил да го поддржи Саркози? Некои тврдат дека тој така одлучил затоа што Саркози ветил дека од списокот на имиња на Интерпол ќе ги симне имињата на блиски соработници на Гадафи. Други, пак, велат дека Саркози наводно ветил дека ќе се потруди да ги укине санкциите кон Либија.

„Знаете, Либија секогаш се концентрирала на развојот на Африка. Либија имала проекти за развој на африканскиот континент, како што на пример било лансирањето на првиот африкански сателит KAF, воведувањето на заедничка валута динар на северот на Африка или формирање заедничка африканска војска. Биле тоа различни проекти и планирани инвестиции.

Освен тоа, полковникот Гадафи излегол од проектот за сојуз на држави од Медитеранот, кој го развил Саркози, затоа што поранешниот француски претседател инсистирал на вклучување на Израел, а Гадафи од друга страна се залагал за вклучување на Египет и Грција. Саркози со голем ентузијазам го развивал и поддржал ваквиот проект, но Гадафи од тој сојуз излегол поради Израел.

Трето, кога во текот на посетата на Париз, на повик на францускиот претседател биле потпишани голем број договори, Саркози на конференцијата за новинари изјавил дека пријателството е засилено со големиот број милионски договори. Но, во реалноста, Либија не ги исполнувала ефикасно своите преземени обврски и можеби на тој начин го навредила Саркози, имајќи го предвид фактот што Франзуците постојано убедувале  дека односите со Либија се цврсти и добри во сите сфери. Но, искрено говорејќи, јас не знам какви всушност пориви имал покојниот Гадафи, а не би сакал да давам некои лични оценки.

Како можете да го објасните фактот што Саркози му го свртел грбот на полковникот Гадафи и станал еден од иницијаторите на воените операции во 2011 година?

„Всушност не знам. Можеби причината се крие токму во некој од споменатите факти, пример тежнеењето да се воведе заедничка валута или нешто друго. Исто така треба да се спомене и учеството на една француска компанија која се занимава со експлоатација и преработка на гас. Постои и прочуениот блок 66 во Либија, инаку делови најбогати  со природен гас и договорите потпишани меѓу двете држави кои предвидуваат дека ниту една страна нема да се вклучува во ваквите работи. Но, откако Катар купил дел од компанијата „Тотал“, Либија го анулирала претходниот договор. Можеби и ова е една од причините. Навистина има толку многу работи и не може да се каже кој од овие фактори пресудно влијаел на Саркози. Но, она што мора да се каже е дека Гадафи цело време всушност очекувал Саркози да го промени својот став.

Бевте во Либија кога почнаа вооружените конфликти?

„Да. И сè уште живеам во Либија.

Се зборува дека многу настани не стигнале до пошироката јавност во 2011 година. На пример,  на 1 јули 2011 година во Триполи се одржала голема акција во знак на поддршка на Гадафи, но меѓународните медиуми не пишувале за тоа.

„Не само една акција, туку неколку. Тоа биле таканаречени милионски манифестации во Триполи. Со други зборови, војната против Гадафи имала и своја медиумска компонента.

Според кажаното на очевидците, а и во некои медиуми може да се пронајде податок дека авионите на Алијансата не ги бомбардирале воените објекти, туку напротив бомбардирале цивилни цели…

„Своевремено и либиската телевизија говорела за тоа, прикажани се кадри од местото на настанот. Да, неколку цивилни објекти биле бомбардирани и тоа може да се стави во рамките на „колатерална штета“, иако НАТО во два-три наврати се извини за својата грешка. Меѓународната заедница, односно кој и да било тоа, ја нападнала Либија и го компромитирала мандатот на меѓународните институции кој е регулиран со резолуциите и основаните документи. Во овој случај, конкретната резолуција предвидувала огрничена зона на летање, односно целиот либискиот воен воздухопловен арсенал, кој ќе летал или прелетал, можело да биде соборен во кој било момент. Но, НАТО ги соборуваше сите воздухопловни летови, дури и летовите кои не биле споменати во резолуцијата.

Тоа значи и цивилните летала?

„Да, понекогаш и цивилните летала, на пример во Триполи. Нешто од тоа го прикажувала и нашата телевизија.

Говоревте дека полковникот бил многу великодушен и дека помагал на многу држави и страни, не само на Саркози, туку и на бројни француски партии кои добивале либиска помош…

„Ако на пример, обрнеме внимание на буџетот на Министерството за надворешни работи на Франција, ќе видиме дека се работи за две милијарди и седумстотини милиони евра, не сметајќи ги 800 милиони евра кои се издвоени за билатерална и мултилатерална помош и пријателство со Франција и нејзините сателити.

Тоа што го правеше Гадафи, или што го прави францускиот дипломатски ресор, не е невообичаена праска само во Либија или во Франција, туку и во многу држави во светот и се смета како облик на политичка помош. Гадафи покажа великодушност и кон латиноамериканските, азиските, арапските и европските држави. Тоа била политичка, односно економска-финансиска помош.

Дали знаете дека Гадафи помагал и во некои други европски држави или други француски партии?

„Да, а за тоа доста слушав кога работев во Женева во Постојаното претставништво на Либија во рамки на Одделението на Обединетите нации за Европа. Освен тоа, познат пример на кој се сеќавам, а можев да забележам и на француската телевизија за тоа како еден француски социјалист бил уапсен поради примање мито. Тогаш било речено дека Либија ја поддржува Социјалистичката партија. Тоа се појави во медиумите, а јас тогаш не работев за полковникот, туку бев само обичен дипломат во Женева.

 

Scroll to Top