Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, вели дека е убеден оти коронавирусот е биолошко оружје. кое е создадено во воена лабораторија.
„Новиот вид пандемија на Ковид-19 може да биде резултат на фактот на вештачки произведен вирус од воена лабораторија“, изјавил Жаир Болсонаро за време на разговорот со своите приврзаници.
Не можам да тврдам, но вистината е дека земјите се подготвуваат за војни и се вооружуваат со бомби. Војната може да биде нуклеарна или биолошка. Научниците се плеткаат со вируси во лаборатории, можеби од една од нив излегол и коронавирусот“, изјавил претседателот на Бразил.
Балсонаро одговорал и на прашањата дали пандемијата е измислена и како таа ја уништува економијата на голем број земји. Тој исто така изјавил дека е лудост повторно да се заклучуваат сите држави поради спречување на ширењето на вториот бран на коронавирусот.
Претходно, бразилскиот лидер во повеќе наврати изразил сомнеж во поглед на пандемијата и нејзината опаснот за животот на луѓето. Според него, размерите на Ковид-19 се преувеличени во медиумите, а самиот вирус претставува опасност само за постарите луѓе и за оние со послабо здравје.
Тој исто така вели дека е против воведување карантин. Шефот на државата исто така тврди дека воспоставувањата ограничувања ќе има катастрофални последици врз економијата на земјата и ќе се зголеми невработеноста.
Инаку, во Бразил во последните 24 часа пријавени се 26.106 нови случаи на коронавирус, а починати се 513 лица. Со тоа бројот на заразени во Бразил достигнал речиси 5,5 милиони луѓе, а починати се 158.969.