Борец на Исламската држава кој војувал во градот Деир Езор во Источна Сирија признал дека терористичката група ја финансира Израел за да ја поткопа сириската војска.
Разоткриеното видео е објавено во вторникот во кое Мохамед Моус ал-Шавакх, тврди дека терористичката група е координирана со Курдските сириски демократски сили (SDF), со цел да го срушат претседателот Башар ал Асад и да ја поразат сириската војска.
Мохамед Моус ал-Шавакх, човекот кој говори во видеото, открива дека наредникот од ИСИС, под името Абу Заид, дал налог да се евакуира подрачјето околу Коноко, плинското предел, за да американско-курдската коалиција SDF може да го превземе тоа место пред да владините сили можат да дојдат до нив.
Тој тврди дека САД се обидел да формулира сојуз меѓу СДФ и ИСИС, а кои се борат во подрачјето во Деир Езор, за да можат да ја поткопаат сириската војска, која сака да го ослободи подрачјето околу Деир Езор, предел богат со нафта и плин.
Човекот кој се појавува во интервјуто, вели дека неговата група има за задача да го брани подрчајето околу плинското поле Коноко, и им е наредено да ги пропуштат курдските сили на тоа стратешко место. Наредбата стигнала, вели тој од страна неговиот емир (лидер) Абу Заида.
Борецот на ИСИС призна дека им е наредено да ги пуштат курдските сили и на другте подрачја богати со плин и нафта во регионот, за да тие направат пропагандни видео материјали.
Мохамед го заврши разговорот велејќи дека тој знае за фактот дека САД се обидел да воспостави сојузништво меѓу курдските сили и ИСИС, во покраината Деир Езор за да ја поткопа владата на чело со Башар ал Асад, кој прави воени напори за да го ослободи регионот.