Британски експерт тврди дека ако Југославија не се распаднеше денес ќе беше светска сила

Британскиот експерт Фил Батлер, во својот авторски текст тврди дека ако Југославија не се распаднеше, таа унија денес би била светска сила, а Белград главен град на Европа.

Батлер објаснува дека поради присуството на „Движењето на неврзаните“, Европската унија денес би била многу послаба и помалку влијателна во светот. Цела Европа би се вртела околу Белград, а преку него големо значење би имале и шесте републики, кои денес се тепаат за трошките кои ги им ги дава Брисел, пишува авторот.

„Сите сме свесни за два факти. Прво Југославија се распадна поради мешањето на Западот, на кого не му одговараше да има силна и моќна земја во срцето на Европа. Второ, Југославија никогаш не би се распаднала ако југословенските народи во себе не го носеле семето на тој распад, ако не биле плодно тло за пропаст“, пишува Фил.

Имајќи го сето тоа во предвид, британскиот експерт за Источна Европа, објаснил како оваа унија била сиријанизирана пред 25 години.

„Во алтернативниот универзум, што би било ако Југославија и понатаму постои? Во овој денешен клучен момент на историјата, апсолутно е неопходно да се позанимаваме со случувањата во последните 25 години, а Југославија и западната интервенција во неа, можеби е најдоброто место од каде треба да се почне. Можете ли да ја замислите Европа во која Југославија е еден од најважните играчи. Јас можам. Југославија всушност беше еден од најголемите културни и човечки експерименти во историјата. Формирана е меѓу поранешната Австроунгарска монархија и Османлиското царство, Југославија ги спои народите од двата културни круга, на начин на кој не е виден уште од времето на Александар Македонски. Експериментот траел нешто повеќе од половина век, а идејата била создавање на единствена држава за сите јужнословенски народи. Југославија делумно била геостратешки проект на Британија и Франција, со цел да ја спречи Германија, а во основа тоа била разумна и праведна идеја“, пишува Фил.

„Одредбите од декларацијата, повикале на создавање на уставна монархија, слична на Англија и иако кралот Александар во еден момент го суспендирал уставот и изборите, овој проект и понатаму ветувал многу. Војната, политичките махинации, внатрешните и надворешни притисоција обиколија оваа светска сила која беше во пораст и како што и обично се случува во ваквите експерименти, авторитарната власт станува неопходна, па дури и пожелна. Кога на власт дојде национален херој, диктатор и глобален „селебрити“, Јосип Броз Тито, Југославија на светската сцена излезе во полн капацитет. Неговата улога во основањето на Движењето на неврзаните била и велкодушна и екстремно значајна, особено за народите на Југославија, а нејзините темели се положени во Белград во 1961 година. Кога на распадот на Југославија се гледа од оваа перспектива, се гледа геостратешкото размислување на Вашингтон и на никој не му се потребни тинк-тенк институти за да дознаат зошто претседателот Бил Клингон чекал во 1995 година за да интервенира во Босна. Клинтон всушност само ја продолжил политичката дестабилизација на југословенскиот социјализам, која ја втемелил неговиот претходник Џорџ Буш Постариот. Сега знаеме дека бунтовниците кои тајно ги обучувала Америка одиграле клучна улога во распарчувањето на тие региони, преку организациите познати како Атлантска бригада сосетавена од 400 борци, кои на Косово се бореле рамо до рамо со ОВК“, пишва Фил.

„Приказната за еден Французин кој ги обучувал припадниците на Атлантската бригада потсетува на она што последните години се случуваше во Украина, Либија и Сирија. Југославија стана шаблон за Авганистан, Ирак, Арапската пролет и Украина. Приказната за геноцид во име на демократијата е премногу одвратна за да се зборува за неа. Повеќето луѓе во овие нации се вратени 200 години наназад, во средновековна егзистенција без надеж.

Единствениот излез на поранешните Југословени денес гледаат природно во ЕУ и НАТО. Секако во конфликтот на Косово двете страни правеле злосторства, како и другите во југословенските војни. Тоа не е суштината на она што го зборувам туку тоталитет на катастрофата.

Пред се, народите на поранешна Југославија повеќе немаат реален глас. Друго, растурањето на тие нации довело до смрт и прогонства на повеќе милиони луѓе. Тоа е друга приказна. Мојата фантазија за Југославија би требало да ги отвори очите. Југославија е изградена на идејата дека Јужните Словените треба да престанат да бидат слаби и поделени. Обединетата нација на Југославија не била лесна мета на империјалистичките намери какви што ги гледаме денес“, објаснува Фил.

„Фактот дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија стана европска приказна за успех. Меѓу 1960 и 1989 година, таа земја доживеа можеби најголема економија и општествен раст во светот. Пристоен животен стандард, бесплатно здравство и школство, гарантирано право на работа, едномесечен платен одмор, стапка на писменост преку 90% и очекуван животен век од 72 години. Колку што ми е мене познато, ниту една од новонастаните балкански држави не може да се пофали со половина од таквиот просперитет. Беше тоа просперитет поради кои западните интересни групи сакале да ја уништат Југославија. Сите народи на Југослација исто така уживале во бесплатните станови, пристапноста на јавниот превоз и комуналиите. Непрофитните претпријатија исто така биле во јавни раце, што повторно не одговораше на западните демократии. Таа земја не смееше да ги надмине Германија, Франција и особено не Британија, ниту лондонските и луксембаршките банкари не смееле да ги извлечат милијардите од социјалистичкиот систем“, објаснува Фил.

Југославија мораше да умре

Мајкл Паренти, наградуван авотр и политички научник, професор и на Институтот за студии и политика во Вашингтон, објаснил што и била целта на Америка во врска со Југославија. Да се претвори југословенскиот простор во простор за Третиот свет, кој нема да биде способен да оди по сопствен пат на развој, во простор со развиена економија, со природни ресурси кои целосно се отворени кон мултинационалните корпорации (особено Косово кој е богат со минерали). Исто така, целта била да ја претвори Југославија во простор во кој живеат осиромашени, но писмени и обучени луѓе кои ќе мораат да работат за мали пари и кои благодарение на тоа ќе доведат до пад на платите во Западна Европа.

„Целта била и да се разбие нафтената, инжинерската, рударската, автомобилската и индустријата за ѓубриво, како и бројни други полесни индустрии, за да не може да се натпреваруваат со постоечките зпадни производители. На Балканот, Западот ги демонизирал Србите, во Либија полковникот Гадафи, во Сирија Асад, а сега се движат кон Владимир Путин, како најголем трофеј. Тоа е светот во кој во моментов живееме. Светот полека го превземаат тираните, благодарение на заспаните американски граѓани кои се издрогирани со глупости кои ги произведува супер-капитализмот. Но, што би било ако Југославија преживееше? Што ако тој голем етнички и социјалистички експеримент преживееше? Сигурно светот денеска би бил поинаков. За почеток, поради присуството на Движењето на неврзаните, Европската унија би била далеку постабилна и помалку би влијаела во светот. Цела Европа би се вртела околу Белград, а со него ќе заживееја и шесте републики кои денес се тепаат за трошките од Брисел. Во 1991 година, Југославија беше 24 во светот, што се однесува до брутонационалниот производ. Босна и Херцеговина денес е на 112 место и ситуацијата се влошува. Хрватска е 76, иако „Блумберг“ неодамна ја стави на листата на десет најлоши на светот. Македонија е на 130 место. Црна Гора е 149, Словенија 81, Србија 87 и се чини дека е постабилна од сите останати. Од лична перспектива се сеќавам на оној проперитетен момент на поранешна Југославија, Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година. Тоа беа првите зимски игри одржани во некоја комунистичка земја, а факелот се пренесуваше од Дубровник, преку Сплит, Љубљана, Загреб и бројни југословенки градови, додека не дојде на крајот во Сараево“, пишува Фил.

 

Scroll to Top