Британскиот и шкотскиот музеј водат војна за чудовиштето од Лох Нес

Британската влада го има откриено чудовиштето од Лох Нес, но ја крие вистината од јавноста, пишува express.co.uk пренесувајќи дел од конспирациите на некои теоретичари на заговор.

Чудовиштето за првпат било забележано во 565 година. Најраниот извештај за чудовиштето од Лох Нес е пронајден во „Животот на св.Колумбо од Едомнан“, напишан некаде во текот на седмиот век.

Оттогаш имало илјадници сведоштва од луѓе кои тврделе дека го забележале чудовиштето во езерото. Според официјалниот сајт за морското чудовиште од Лох Нес, во 2017 година имало најголем број пријавени случаи од луѓе кои тврдат дека го забележале.

Конспираторите кои тврдат дека британската влада го крие чудовиштето, велат дека на тој начин се спречува војната меѓу двата музеја, британскиот и шкотскиот.

Музејот за природна историја во Британија го сака чудовиштето за себе, но наидува на голем отпор од страна на Кралскиот шкотски музеј, кој вели дека остатоците од чудовиштето треба да останат во Шкотска.

Загрижен од потенцијалните закани за Лох Нес, еден од членовите на британската влада, Мердок Мекдоналд, побарал од владата да се усвои посебен закон со цел да се заштити чудовиштето.

Голем број  теоретичари на заговор сметаат дека британската влада сега сака да донесе закон со кој ќе се заштити чудовиштето, токму поради тоа што тие веќе го имаат пронајдено.

Во 1985 година британската амбасада во Шведска ја контактирала шкотската канцеларија за совет за тоа како да се заштити чудовиштето. Неколку месеци подоцна Шведска носи свој закон со кој се забранува уништување, повреда или заробување на морското чудовиште.

 

 

Испитувања за претпоставеното  чудовиште од Лох Нес, за кое некои тврдат дека е потомок на пледиозаур, чија лоза преживеала во изолираниот лох, се одвиваат уште од шестиот век.

Иако е потврдено дека многу фотографии се лажни, вклучувајќи ја и таа на која е прикажана глава што излегува од водата, некои допрва треба да се дешифрираат.

Scroll to Top