Британските служби знаеле однапред дека ќе се случи убиството на Кашоги

Како што пренесуваат британските медиуми, известувачката служба на Обединетото Кралство MI6 однапред го знаела планот на саудиските колеги за да го киднапираат, а доколку е потребно и ликвидираат Џемал Кашоги.

Лондон наводно се обидел да ги убеди колегите од Саудиска Арабија да се откажат од операцијата, но Саудијците ги игнорирале нивните апели, пренесува „Дејли експрес“.

Освен критиките кон саудискиот режим и основањето на саудискиот огранок на Муслиманското братство, причината за ликвидација би можела да биде и истрагата што ја водел за хемиското оружје и агресијата на Јемен.

Службите во британскиот владин центар за комуникации го пресретнале извештајот на Саудиската општа известувачка служба во кој се тврди дека член на кралското семејство наредил да се киднапира Кашоги.

Во план било немирниот новинар да се префрли од земја во земја. Во извештајот стои дека саудиските оперативци добиле и дозвола да ги преземат сите потребни мерки ако Кашоги почне да создава проблеми.

Подоцна главниот државен обвинител од Саудиска Арабија потврдил дека убиството на Кашоги во конзулатот во Турција било намерно направено. Тој ја отфрлил почетната верзија дека станува збор за несреќа.
Меѓу 15-те осомничени за злосторството биле посочени и официјални лица од саудиската служба GID.

„Од почетокот знаевме дека во првата недела на септември ќе се случи нешто. Тоа беше три недели пред Кашоги да влезе во конзулатот на 2 октомври, иако требаше повеќе време за да се разјаснат некои моменти“, вели извор од британските специјални служби.

„Во план било да се киднапира Кашоги и да се врати во Саудиска Арабија за испрашување. Но, очигледно била отврена можност и за други алтернативни начини за отстранување на тој проблем“, вели соговорник за „Дејли Експрес“.

Според неговите зборови, Лондон бил свесен дека наредбата стингала од еден од саудиските владетели, но ништо не укажувало на директна врска на оваа наредба од принцот Мухамед бин Салманом.

Вереницата на Кашоги бара правда

Вереницата на убиениот саудиски новинар Џемал Кашоги, Хатиџе Џенгиз, смета дека саудиските власти се одговорни за убиството на Кашоги и дека сторителите треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Овој инцидент, ова убиство се случило во конзулатот на Саудиска Арабија. Властите веројатно знаеле како убиството се случило. Тие мораат да објаснат што се случило внатре“, изјавила Џенгиз.

 

Scroll to Top