Бритни Спирс умрела пред 20 години, тврдат некои од фановите

Животот на Бритни Спирс отсекогаш ѝ бил интересен на јавноста, како од деновите кога ја живееше најголемата слава, така и сега во едни од најтешките моменти низ кои мина.

Но, голем број од нејзините фанови во последните неколку месеци тврдат дека лицето кое се претставува како Бритни на социјалните мрежи, всушност не е таа.

Во бизарната теорија која ја поддржуваат стотина илјади следбеници, се тврди дека некој друг ги користи нејзините апликации и други алатки и се претставува како неа. Некои одат дотаму и пишуваат дека вистиската Бритни Спирс е мртва.

На едно од видеата кое се споделува на социјалните мрежи ја прикажува пејачката како танцува.

„Ова не е Бритни. Некој користел филтер за да изгледа како неа и јас тоа ќе го докажам“, рече тиктокерката @catvalles7.

Таа во еден дел го забавила видеото и рече дека во еден дел од секундата кој лесно може да се пропушти, Бритни ја спушта раката над главата, а филерот на нејзиното лице за момент исчезнал. Кога видеото ќе се паузира, нејзините веѓи и очи се поинакви од она како изгледа вистинската Бритни.

Девојката е синоока и изгледа многу помладо од вистинската, која во моментов има 41 година. Многумина од фановите се согласуваат во коментарите, а некои од нив велат дека тоа не е вистинската Бритни.

„Мислам дека на крајот ќе се дознае дека повеќе не е жива. Бритни умрела во 2001 година. Бритни и Џастин доживеале несреќа во 2001 година и таа за жал не преживеа. Вистинската Бритни нема повеќе од 20 години. Ова е толку страшно и тажно. Целата е поинаква, забите, носот, очите. Ова не е таа“, биле некои од коментарите.

Исто така постојат многу видеа од Бритни како танцува во нејзината куќа, а споменатата тиктокерка рече дека нејзините тетоважи исчезнале во еден од кадрите и дека истите оддеднаш се појавуваат во следните во истото видео. Теоријата е дека некој ја глуми Бритни и дека користи таканаречена Deepfake технологија, за да лицето изгледа исто како Бритни, поради што доаѓа до пречки во кои тетоважите оддеднаш исчезнуваат, а потоа во следните кадри повторно се појавуваат.

На крајот се поставува прашањето дали е можно луѓето да одат дотаму ширејќи теории на заговор, и да веруваат дека вистинската Бритни ја нема повеќе од 20 години?

 

Scroll to Top