Будистички монах починал пред 95 години додека медитирал, телото му останало сочувано па изгледа како да е жив

Будистичкиот монах Хамбо Лама Итигилов, починал во 1927 година. Умрел додека медитирал, па неговото тело останало совршено сочувано и сега изгледа како да е се уште жив, или пак како да починал пред само 36 часа, велат научниците кои го откриле и објаснија дека неговата смрт претставува вистинска мистерија.

Неговите зглобови сè уште се свиткани и ткивото не му изгнило иако поминале повеќе од 90 години од неговата смрт. Научниците објаснија дека мекото ткиво под притисок умира дури и кај живиот човек. Хамбо кој потекнува од сибирската република Бурјатија, бил прогласен за мртов затоа што не можел да стане.

Сите се согласуваат во тоа бидејќи физички не може да стане и да се движи, а исто така сметаат дека на другиот свет заминал во состојба на длабока медитација. Експертите го нашле неговото тело во септември 2002 година. Древниот саркофаг во кој се наоѓал го отвориле во присуство на будистички свештеници.

Било утврдено дека не било допрено од времето кога медитирал. Итигалов оставил во аманет телото да му биде ексхумирано. Ексхумирањето било направено во три наврати, во 1955, 1972 година и последен пат во 2002 година. Секогаш било констатирано дека на него нема траги на распаѓање.

Било утврдено дека бил водач на будистите од Источен Сибир од 1911 до 1917 година ѝ се прославил како филозоф и лекар. Се верувале дека имал моќ како Исус и дека можел да оди по вода. Пред да почине седнал во положба на лотос и наредил неговото тело да го извлечат од гробот по некое време.

Пред да заспие во длабока медитација, им ветил на другите дека ќе се врати жив. Неговото тело во моментов се наоѓа во манастирот Иволгин, во близина на Улан-Уде, во делот на Бурјатија.

Централната духовна управа на будистичката традиционална Санга на Русија побара да се создадат сите услови за понатамошно зачувување на реликвијата. Лекарите објаснуваат дека феноменот на зачувување на телото по смртта е познат во медицината и дека тоа најчесто е резултат на балсамирање.

Мистеријата е тоа што кога во гробницата кога ќе дојде кислородот, телото треба да почне да се распаѓа, што овде не било случај.

Scroll to Top