ФБИ ја стави бугарска кралица на криптовалути Ружа Игнатова на листа на десетте најбарани луѓе на светот. Таа се товари за измама тешка над четири милијарди долари, а се води како како исчезната од 2017 година. Тогаш американските власти распишаа потерница за нејзино апсење. Последен била видена како се качува во авион од Бугарија за Грција.
Бугарката е барана за водење уанкоин, а им ветувала провизии на оние што понатаму би ја продале криптовалутата на други луѓе. Агентите на ФБИ утврдиле дека уанкоин е безвреден и дека, всушност, тоа е измама.
„Ружа Игнатова одлично ја темпира својата измама“, изјави Демијан Вилијамс, главниот федерален обвинител на Менхетн. „Една од причините што тешко ѝ се влегува во трага е што исчезна со најмалку 500 милиони долари“, вели Џејми Бартлет, кој со години го истражува случајот.
Таа е единствената жена меѓу десетте најбарани луѓе на ФБИ, кој понуди награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење.