„Трезорот на судниот ден“, како што го нарекуваат бункерот што е модерна Ноева арка, е изграден на островот Спицберген во архипелагот Свалбард во Северниот Леден Океан за да ги издржи најекстремните услови.
Сепак, тој се соочува со вистински проблеми.
Временските услови од крајот на 2016 година покажале дека објектот не е доволно обезбеден.
Трезорот е изграден како помош за човештвото, во случај на климатски или нуклеарни катастрофи, односно уништување на животната средина.
Бункерот, во кој се чуваат семињата од целиот свет, се соочува со првите потешкотии, па норвешката влада ќе вложи уште 10 милиони долари за негово подобрување.
So proud to witness 🇦🇺making largest deposit to Seed Vault this season, we have more than 40k samples safely held for the future! Important collaboration @GlobalSeedVault @CropTrust @dfat @CrawfordFund @NorwayMFA pic.twitter.com/k0FiTXbeNP
— Mary Ellen Miller (@AusAmbDK) February 28, 2018
Парите се наменети за трошоци за изградба на нов бетонски тунел, како и помошни згради кои преку тунелот ќе бидат снабдувани со електрична енергија во случај на прекин на струјата. Тунелот ќе содржи и помошни единици за разладување и електрична опрема што емитува топлина.
Архипелогот Свалбард е одбран поради својата оддалеченост од остатокот на светот, како и фактот дека на ова место нема земјотреси и активни вулкани, па се смета за безбеден. Перформансот исто така придонесува за длабоко замрзнување, а со самото тоа и до зачувување на семињата.
“Doomsday Vault” in Norway, also known as the Svalbard Global Seed Vault, marked its 10-year anniversary. More than one million seed samples from gene banks worldwide have been stored in the vault. https://t.co/oyF9PsVqBv pic.twitter.com/VzaW6B8F6r
— Global Times (@globaltimesnews) February 27, 2018
Сепак, неочекуваното затоплување кон крајот на 2016 година довело до тоа во бункерот да влезе вода во делот кај влезот на трезорот. И покрај тоа што семето не било директно загрозено, владата на Норвешка одлучила да ги подобри условите.
Еден од најголемите предизвици со кои земјоделството во моментов се соочува е растот на популацијата, гладот и сè поголемиот климатски притисок.
„Тоа значи дека е потребно светот да почне да произведува голема количина храна што е нутритивно богата, и тоа на мала површина на земјиште, со малку вода, помалку пестициди и малку ѓубре, за планетата да може да го издржи производството“, вели извршниот директор на меѓународната непрофитна организација „Кроп траст“, Мари Хаг.
This week @GlobalSeedVault in Svalbard passed a magic limit. Now they safeguard over 1 million seed collections from all over the world. This is made possible thanks to @nordenen @nordgen @CropTrust @landbrukogmat Take a look at the this amazing video to learn more. pic.twitter.com/mrfqy09Rlo
— Nordic Co-operation (@nordenen) February 28, 2018
„Кога дојдов овде за првпат во 1985 година секогаш имаше лед. Сега никаде не можете да видите целосен леден покривач“, додава таа.
@upadhyaya_hari & I on behalf of @ICRISAT transferred one more box of seeds to @GlobalSeedVault in presence of Norwegian Min of Agr & Food @jongdale @CropTrust @AgroBioDiverse. We have deposited seeds of >100 K accessions of our crops here. pic.twitter.com/bLy5HAAvyA
— Rajeev Varshney (@rajvarshney) February 27, 2018
Научниците предупредуваат дека Северниот Леден Океан би можел да остане без лед значително порано отколку што сметаме. Според моменталните предвидувања, тоа ќе се случи во периодот меѓу 2040 година и 2050 година.