Премиерот на Чешка Андреј Бабиш, ги негира обвинувањата дека наредил киднапирање на неговиот син Андреј Јуниор, со цел да го спречи да сведочи против него во истрагата која ја води ЕУ за измама.
Андреј Јуниор го обвинил својот татко дека го киднапирал ѝ му се заканил дека ќе го смести во психијатриска болница. Детето на Бабиш кој го има од првиот брак, обвинил дека бил киднапиран од страна на близок соработник на неговиот татко и минатата година бил однесен на сила во Крим.
Чешкиот премиер ги отфрлил ваквите обвиниувања, велејќи дека неговиот син, кој сега живее во Швајцарија, е ментално болен и дека доброволно ја напуштил земјата. Признал дека неговиот син претходно бил во Украина и на Крим, но не ги навел причините за ваквите посети. Тој ги обвинил медиумите дека повикуваат на негов линч.
Во емотивна изјава за медиумите која ја споделил на Фејсбук, Бабиш изјавил дека неговиот син никогаш не бил киднапиран и дека станува збор за ментално болен човек.
„За жал мојот син е болен човек. Сите негови изјави се лаги и јас има да ја докажам вистината“, изјавил Бабиш.
Чешкиот премиер неделава се најде под жесток притисок, откако во јавноста покрај наводите за киднапирање на неговиот син, истовремено се појавија и скандалозни случаи со корупција во неговата влада.
Граѓанскиот протест против чешкиот премиер е закажан за во четврток. 64 годишниот милијардер станал премиер на Чешка во 2017 година.