Човек на Путин заради нарушен углед ќе ги тужи САД за 50 милијарди долари

Евгениј Пригожин ќе ги тужи САД за 50 милијарди долари заради нарушен углед, пренесуваат руските медиуми. Евгениј ќе ја тужи Америка затоа што смета дека неправедно го обвинила него и неговата компанија Konkard за мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Евгениј се јави со соопштение до јавноста, откако Американското министерство за правда се откажа од негово гонење, неколку недели пред почетокот на судењето.

„Мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година е лажна вест, а тоа го покажува и откажувањето на Американското министерство за правда од судско гонење на руските компании поврзани со мене“, вели Евгениј Пригожин.

Евгениј е богат бизнисмен и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Toj е познат како „шефот на Путин“, и е сопственик на кетеринг компании кои често му служат на Кремљ, а со соопштение излезе веднаш откако американското Министерство за правда во понеделникот ги отфрли сите обвинувања против компанија Konkord.

Американските обвинители претходно ја обвинија неговата компанија дека стои зад кампањата за помош на Доналд Трамп за да победи на претседателските избори во 2016 година.

Оваа вест следела неколку дена откако беше објавено дека постои сведок кој може да докаже директна вмешаност на Евгениј во американските избори.

Како што Евгениј изјавил, тоа што американското Министерство за правда се откажало од обвинувањата против неговата компанија, значи дека наводите за негово и руско мешање во изборите е лага и фикција.

Сега неговата компанија Konkord подготвува тужба против неправедно судско гонење, изјавил Евгениј и додал дека ќе бара 50 милијарди долари оштета. „Властите во САД се откажаа од случајот затоа што се плашат од лош публицитет и чесно судење“, изјавил Евгениј, а пишува „Москов њуз“.

Американското министерство за правда соопшти во понеделникот дека ги повлекува обвиненијата против компанијата Konkord, само неколку недели пред да почне судењето.

Во обвинението на американското Министерство за правда, против 13 руски поединци и три компании, Kongord е именувана како компанија која финансира фабрика за тролови со седиште во Санкт Петербург и е позната како Агенција за истражување на интернет.

Таа беше еден од главните резултати на 22 месечната истрага на специјалниот советник Роберт Малер за руското мешање во претседателските американски избори во 2016 година.

Американската влада заклучила дека постапката против компанијата на Евгениј не ги промовира ниту интересите на правдата ниту националната безбедност, соопштиле од Министерството за правда.

 

 

 

 

Scroll to Top