Според пресметката на Мрежата за глобален еколошки отпечаток, човештвото денес ги има потрошено сите природни богатства кои планетата ги има на располагање за оваа година.
Човештвото во моментов користи еколошки ресурси 1,75 пати побрзо отколку капацитетите за обнова на екосистемот, навеле од невладината организација.
Оваа организација го предупреди човештвото дека го нагризала природниот капитал на планетата и дека го намалува идниот капацитет за регенерација. Оваа анализа ги покажува разликите меѓу земјите.
Катар ги има искористено сите расположливи средства за само 42 дена, додека Индонезија ги потрошила сите средства за една година, во период од само 342 дена, велат од Светскиот фонд за природа, кој е поврзан со Мрежата за глобален еколошки отпечаток.
„Кога сите луѓе би живееле како Французите, би биле потребни 2,17 планети, а пет планети кога сите би живееле како Американците“, навеле од Фондот.
За во иднина човештвото може да ги има на располагање природните ресурси, до 31 декември секоја година главната акција треба да му биде емисијата на гасови и ефектот што го имаат кон стаклената градина. Тие претставуваат 60% од човечкиот еколошки отпечаток на оваа планета, навеле од WWF.
„Со намалувањето на емисијата на јагленодиоксид за 50% би можеле да добиеме 93 дена во годината, односно да го поместиме денот кога ќе ги потрошиме сите расположливи ресурси за таа година до октомври“, навеле од оваа невладина организација.
За да ги преполоват консумирањето на животинските протеини, овој датум би можеле да го поместиме за уште дополнителни 15 дена годишно, а кога би ја преполовиле расипаната храна, би можеле да добиеме уште десетина дена, навеле од WWF.