Дајана и Чарлс не сакале да се разведат, кралицата ги натерала

Иако во јавноста е познато дека до развод меѓу поранешната британска принцеза и принцот Чарлс дошло поради Хаснат Кан, човекот во кој Дајана се заљубила, сепак вистината е дека двајцата почнале да размислуваат да се разделат откако кралицата Елизабета II ги советувала за тоа, велат некои заговорници.

Не е тајна дека бракот меѓу трагично починатата принцеза Дајана и принцот Чарлс бил сè само не брак од љубов. Пред неколку години во јавноста излезе приказната дека принцот Чарлс бил ужаснат од идејата за брак, а не бил ни сигурен дека Дајана е жената од неговиот живот.

Наводно поранешната кралска двојка минала страствена ноќ во еден воз, а принцот Филип кој бил вознемирен од таквата ситуација, му напишал писмо на Чарлс во кое му наредил веднаш да ја запроси тинејџерката. Ваквото писмо од Филип дошло затоа што тој не сакал неговиот син да си поигрува со жените.

Филип сметал дека тоа е лошо за имиџот и дека е време Чарлс да се смири за да нема понатамошни последици од тоа што на принцезата Дајана и ја одземал невиноста.

Неодамна британскиот весник „Дејли Мејл“, објавил текст за разводот на популарната кралска двојка во која е откриено дека Дајана воопшто не сакала да се разведе од Чарлс. Таа не сакала семејството да се распадне и нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари, во иднина го следат нивниот пример.

Принцезата Дајана и самата е дете на разведени родители. Нејзината мајка Францес, го оставила сопругот Џон поради друг маж. Разделбата претставувала шок за тогаш шестгодишната Дајана. Таа некое време престанала да зборува. Само седела на прагот од куќата и ја чекала својата мајка.

Токму поради тоа Дајана сметала дека треба да се бори многу повеќе за бракот со Чарлс не и пропадне. Иако јавноста сметала дека до развод дошло поради тоа што таа се заљубила во пакистанскиот хирург Хаснат Кан, Чалрс и принцезата за тоа почнале да размислуваат дури откако добиле совет од кралицата Елизабета II.

Таа ги советувала да се разведат затоа што константните скандали во јавноста, го нарушувале имиџот на кралското семејство. Разводот меѓу Чарлс и Дајана е покренат во 1992 година, а финализиран е четири години подоцна.

 

 

 

Scroll to Top