Кога Центарот за здравствена екологија ги објавил резултатите од тестирањето кои покажуваат дека компанијата „Пепси“ намерно го прикрива присуството на високото ниво на супстанцата 4-метилимидазол во своите популарни безалкохолни пијалаци во 2013 година, од компанијата одбиле да ја потврдат присутноста на ова соединение и фактот дека истиот може да биде опасен за здравјето на своите потрошувачи.
4-метилимидазол е соединение што настанува за време на производството на бојата карамела, која е канцерогена. Станува збор за хемиска супстанца што се јавува при термичка преработка на карамела во процесот на боење на овие сокови, кои државата Калифорнија во 2012 година ги стави на пописот на канцерогени супстанци. Во САД под состојката пишува само „боја карамела “.
Предупредување до потрошувачите
Во Калифорнија во 2013 година донесен е закон според кој на произведувачите на пијалаци им е наложено на производите кои содржат повеќе од 29 микрограми од 4 MEI супстанцата да стават како знак за предупредување.
За време на кампањата „Кока-Кола“ ја намалила количината на 4-метилимидазолот, но истражувањето што го направиле од организацијата на потрошувачи репортери,покажува дека проблемот е во тоа што во САД не е пропишана максималната дозволена количина на оваа супстанца, а авторите од истражувањето барале тоа да се направи на ниво на федерацијата.
Во истражувањето биле вклучени 81 од типовите освежителни пијалаци, а лименките освен во Калифорнија се купувале и во Њујорк. И додека во лименките со кока-кола е пронајдено помалку од пет микрограми, во лименките со пепси имало околу 43,5 микрограми, а на нив нема знаци на предупредување дека производот содржи канцерогени соединенија.
Уште една полоша ситуација, како што велат авторите од истражувањето, е што во набавените лименки со пепси во Њујорк пронајдени се дури 174 микрограми од оваа супстанца.
По објавата на ова истражување се јавила и Американската агенција за храна и лекови (FDA), која во своето соопштение донела неколку контроверзни закони.
Боите на база на карамела што се користат во производството за слатки газирани пијалаци како што се кока-кола и пепси не се опасни по здравјето, велат од компаниите, но дополниле и дека иако веќе со децении ја проучуваат употребата на карамела како зачин и боење, подготвени се да направат нова анализа за ефектите врз здравјето на потрошувачите.
Научниците откриваат како 4-MEI влијаело на развојот на туморот на белите дробови кај глувците. Тоа не значи дека постои ризик, туку дека за тоа немаат доволно информации.
Лекарот Ричард Бесер изјавил за ABC News дека не е добро да се пијат премногу газирани сокови, но, сепак, ако понекогаш испиете некаков освежителен пијалак, нема да ви се случи ништо лошо.