Делови од тело на позната манекенка и инфлуенсерка пронајдени во лонец за супа

Деновиве во Кина главна вест е убиството на 28 годишната манекенка и инфлуенсерка Еба Чои, чии делови од тело биле најдени во лонес за супа. За убиството обвинети се нејзиниот бивши сопруг Алекс Квонг, брат му Енотни и нивниот татко Квонг Кау. Нивната мајка Џени Ли е уапсена за попречување во истрагата.

Судот во Ковлон одби да им дозволи да платат кауица. Допрва ќе се произнесат за обвинението, пренесе RTHK. Истражителите вчера утврдија дека черепот, неколку ребра и влакна од косата биле најдени во голем лонец за супа. Останатите делови, меѓу кои торзото и рацете, сè уште не се најдени.

Полицијата почна истрага откако во средата минатата недела Чои била пријавена за исчезната. Два дена подоцна, нејзините делови од телото се најдени во куќа во населбата Таи По. Бил најден и секач за месо, електрична пола и неколку парчиња облека, соопштија од полицијата.

Судот го одложи случајот за 8 мај, за да овозможи да продолжи полициската истрага. Еби била познато лице во светот на модата. Неодамна се појави на насловната страна на магазинот L’Officiel Monaco, а присуствувала и на годинешната париска модна недела.

 

Scroll to Top