Документарниот филм за Мајкл Џексон „Напуштајќи ја Недојдија“ беше прикажан во петокот, а истиот предизвикал шок и неверување кај голем број обожаватели на кралот на поп-музиката, пишува британски „Гардијан“.
Филмот го следи животот на двајца мажи, кои додека биле деца биле злоставувани од легендарната музичка ѕвезда. Светските медиуми кои го следеле документарецот го опишуваат како шокантен, вознемирувачки и грозен.
„Државата Јута има осигурано специјален тим за советување на гледачите, во случај тие да бидат потресени од описите на сексуалните искористувања“, се вели на почетокот на кинопроекцијата.
Во новиот документарен филм направен за кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, „Напуштајќи ја Недојдија“, режисерот Ден Рид посочува дека во куќата на пејачот имало сокриени соби каде музичарот ги злоставувал децата.
Рид во документарецот прикажува како Џексон своите жртви ги носел во плакарите каде ги силувал.
Главните протоганисти на документарецот се Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, а по само две минути од филмот, едниот од нив изјавува дека Џексон го злоставувал во период од седум години.
Вејд и Џејмс имале пет, односно сеудм години кога го запознале Џексон. Мајкл го запознал Вејд за време на едно натпреваување во танц, а Џејмс се нашол во негова реклама за газиран пијалок.
Џексон го водел Џејмс во продавници за луксузен накит ѝ му купувал златни раквици украсени со дијаманти. Тогаш музичарот ги лажел продавачките дека пазарел накит за неговата жена, а дека Џејмс му помагал.
Џексон се правдал пред продавачките, велејќи дека Џејмс ги пробува ракавиците затоа што имал мали зглобови. Џексон отишол чекор понатаму. Тој организирал лажна венчавка за себе и момчето со кое си размениле завети.
Кај Вејд ситуацијата била малку поинаква. На него Џексон му купил факс-машина, која во тие години била исклучително популарна, а преку неа му испраќал љубовни пораки.
„Те сакам малечко. Усреќи ме и биди најдобар“, му напишал Џексон на Вејд.
Мајката на Вејд вели дека целиот под во дневната соба бил преполн со хартии отпечатени од факс-машината. Режисерот на филмот Ден Рид, го опишал ранчот на Џексон „Недојдија“ во Калифорнија, како педофилски рај.
Секоја градба таму имала свои сокриени соби, а Џејмс вели дека тој не бил единствениот кој бил злоставуван од пејачот. Имало многу деца како него кои биле сексуално злоставувани од поп-ѕвездата. Во кино салата постоел и стаклен простор кој не можел да се види, па Џексон таму ги носел децата.
На почетокот Џексон децата ги присилувал на орален секс, а со Вејд прв пат се обидел да спие кога наполнил 14 години. Тогаш веќе светските медиуми на големо пишувале дека музичарот е сексуален злосторник. Мајкл сите вакви пишувања ги негирал. По неколку години, Мајкл го повикал Робсон во хотел и го наговорил на анален секс.
Сепак Џексон се откажал поради тоа што Вејд трпел големи болки. Музичарот имал систем на осигурување кој му помогал за никој да не може да го фати на дело. До собите на Мајкл имало голем број врати кои биле поврзани со ѕвончиња, за музичарот да може да слушне на време во случај некој да дојде.
Вејд во детството бил опседнат со Мајкл и имал цела соба залепена со негови постери. На почетокот тие станале пријатели, а подоцна дошло и до напад. Мајката на Вејд не реагирала на злоставувањето, затоа што не сакала нејзиниот син да се пробие во светот на шоубизнисот.
Ништо поинаку не било ни со мајката на Џејмс, која дозволила нејзиниот син да спие со Џексон во хотелска соба, додека го следеле по концертите. Џејмс признал дека музичарот го научил да мастурбира и дека орално го задоволувал додека спиел. Џексон го убедувал Џејмс дека мајка му е злобна како и сите жени.
На ранчот се случувало да бидат сами и по пет дена.
Вејд и Џемјс сега се родители и имаат свои семејства, а блиски пријатели на Џексон и неговото семејство изјавиле дека документарецот е патетичен обид за да се заработи од името на Кралот на Попот. Неговите обожаватели се заканувале и упатувале смртни закани до Рид.
За време на прикажувањето на документарецот поради безбедност морала да биде ангажирана и полицијата.
Џексонови и порано велеле дека новиот филм на Ден Рид „Напуштајќи ја Недојдија“ е скандалозен и патетичен. Проекцијата на филмот во петокот на фестивалот Санденс предизвикал и бура на социјалните мрежи.
Бројни корисници биле шокирани и пишуваат дека веруваат во невиноста на поп-кралот, кој во 2005 година беше ослободен од обвиненијата за малтретирање на малолетник.
„„Напуштајќи ја Недојдија“ е хорор филм. Интимна, убедлива и сексуално експлицитна приказна за две момчиња кои станале пријатели и љубовници на Мајкл Џексон додека родителите тоа молчејќи го одобрувале. Џексон е перфиден ѕвер, предатор и монструм, а сите кои се надевале дека станува збор за лажни обвинувања, повеќе немаат аргументи“, напишал еден филмски критичар.
Мајкл Џексон еднаш се појвил пред судот, поради обвинувањата дека злоставувал деца, односно дека пипкал едно од момчињата додека престојувало на неговиот ранч.